
Снимката е направена во Белград, а на неа се гледа жена која влегла во фризерскиот салон прашувајќи за бои за коса.
Се пожалила дека тешко ги поднесува горештините бидејќи е бремена па вработените и понудиле да седне и и дале освежување.
Таа го искористила моментот и претурала по ташната на една девојка која исто така била во салонот, па успеала да и го извлече паричникот, по што си заминала.
Се тоа го фатила безбедносната камера.