Жена се породи во автомобил на пат кон болница, а нејзиниот сопруг го сними неповторливиот момент. Во видеото е покажано целото породување, кое трае доста кратко. Веднаш откако ќе започнат силните породилни болки, на жената ѝ пука водењакот и бебето започнува да излегува.
Малото момче тежи 4,5 килограми. Тоа е трето дете на парот, кој има две девојчиња.
За некои лица видеото може да биде вознемирувачко.