
Несекојдневен настан се случил во Кина, а сето тоа го снимила камера која била вградена во автобусот. Жена, чиј идентитет не е објавен, почнала да се пораѓа на улица во градот Хаининг, а на помош дошле возачот на автобусот и патниците во него.
Жената врескала од болки, па тие ја внеле во автобусот каде се породила. Во тој момент стигнале и болничарите, па се се завршило во најдобар ред.
Според пишувањата на кинеските медиуми, сопругот се обидел да ја однесе сопругата до болница, но не успеал.
httpv://www.youtube.com/watch?v=s_cbipjsv54