Емили Џордан преживеала рак, но потоа таа и нејзиниот сопруг морале да се соочат со фактот дека нема да можат да имаат деца.
На Емили и е направена хистеректомија, но непосредно пред операцијата стигнале уште лоши вести.Анализите покажале дека е бремена.Нејзината мајка Синди Рејчел била потресена поради болните ситуации низ кои поминала нејзината ќерка.
“Сакав Емили да осети каква е таа врска која родителот ја има со неговото дете и предложив да бидам сурогат мајка“, рекла госпоѓата Рејчел.
Нејзината ќерка и зетот биле поприлично скептици поради таа идеа, бидејќи Синди сепак била во раните педесети и не биле сигурни дали ќе биде во таква состојба да ја издржи бременоста до крај.Сепак почнале најсериозно да размислуваат на таа тема и барале повеќе информации околу тоа.
Се посоветувале со гинеколог и решиле да пробаат со вештачко оплодување кое успеало. Синди признава дека на почеток се грижела за реакциите на другите луѓе, но исто така била доста јасна околу својата улога: Таа е само баба.
“Ќерката и зетот ќе го одгледуваат нивното дете, тоа ќе биде нивно бебе, јас само им го позајмив своето тело за да можат да ги остварат своите сонови“, рекла Рејчел.
Емили вели дека постапката на нејзината мајка била само почеток на убавите работи кои таа цел живот ги правела за нив.
“Секогаш се трудеше да имам најдобар живот колку што еможно тоа и да ми приушти се што можеше.Ние две имаме единствена врска и поради тоа и ја сакам толку“, се изјаснила Емили.