Пари и внимание – тоа сака жената. Само две работи но исполнети со длабока содржина. Пари за да троши без лимит и внимание за да биде среќна и сакана. Мажот треба да печали добро и да се грижи добро за саканата.
До кога ќе го поставуваме глупавото прашање: Што сакаат жените? Одговорот е елементарен, но на нас мажите, очигледно ни е удобно да се правиме на вечно неразбрани. Постојано се оправдуваме дека жените се комплицирани суштества, кои не знаат што сакаат и е невозможно да им се најде крајот. Пари и внимание – штом ги има, жената е кротко и нежно маченце, но штом ги нема жената е лута хиена. Лесно е да откриеш што сака жената, но тешко е да го исполниш тоа.
Ние мажите сме задоволни кога добро заработуваме и од тоа дека демонстрираме висока класа. Но кога треба да си го одврземе ќесето за сопругата, некако…не ни е по ќеиф. Едноставно ни е страв од неразумното расфрлање со пари. И тука почнуваат скандалите.
Парите стануваат проблем од првостепена важност во интимните односи. Колку мажи, особено во Македонија, ја работат работата што ја сакаат, печалат добро и им останува време да бидат внимателни сопрузи и родители? Многу малку. Но светот е богат и оптимизам демне од секаде…
Повеќе труд од страна на мажите, повеќе разбирање и трпиение од жените – така се решаваат финансиските проблеми.
Жената копнее и за внимание. Само парите не се доволни. Богатите жени исто плачат, при тоа со крокодилски солзи.
И што да кажеме за крај? Пак е тешко! Освен машина за пари, мажот треба да биде и романтичен, кавалер, добар љубовник, нежен, чувствителен…колку мажи се способни на сето тоа?
Жената сака само две работи – пари и внимание, односно се!