Жените избираат: Што е поважно, обемот или должината на пенисот?

popara5 февруари, 20151min00
17
За авантура за една ноќ жените одбрале пенис со поголем обем, за разлика од пенисот кој го одбрале за постојан партнер.

Новото истражување покажало дека, кога станува збор за секс за една ноќ, на жените не им е важна должината на пенисот туку неговиот обем.

За потребите на истражувањето, кое било спроведено на Универзитетот во Калифорнија, 41 жена погледнала и пипнала 3D модели на пенис. Моделите на пенис имале сина боја и се движеле во големина од 10цм должина и обем од 6цм, до 21,5цм должина и обем од 17цм.

На овие жени им било побарано да одберат еден од 33-те модели на пенис со кој најмногу би сакале да имаат секс за една ноќ, а подоцна биле запрашани и кој модел би го одбрале како идеален за постојан партнер. За едноноќна авантура жените одбрале пенис со поголем обем, од оној кој го одбрале за идеал пенис кај постојан партнер.

Меѓутоа, кога станува збор за должината, немало голема разлика помеѓу моделот кој го одбрале за една ноќ и за постојана врска: во двата случаи жените одбрале пенис со должина во просек од околу 16,5 цм.

“Вагината има многу нервни завршетоци кои се многу осетливи на притисок и стегање и можно е овие сензори да ги активираат варијациите во обемот на пенисот, а не во должината. Пенисот со поголем обем може да го доведе клиторисот поблиску до вагината за време на сексуалниот однос, а се смета дека токму тоа и’ помага на жената да постигне оргазам. Од друга страна, долгиот пенис може да предизвика болка во вратот на матката”, објаснила Шенон Леунг.

Некогашните истражувања кои се занимавале на темата дали на жените навистина им е значајна големината на пенисот донеле различни резултати: едно истражување од 2012-та година, во кое учествувале повеќе од 300 испитаници покажало дека величината воопшто не им е важна на жените, но дека оние кои почесто доживувале вагинални оргазми предност им даваат на долгите пениси.

Друго истражување спроведено минатата година покажало дека на жените големината на пенисот им е тесно поврзана со големината на телото на нивниот партнер, односно преферираат доколку партнерот им е крупен да има и поголем пенис и обратно.

Меѓутоа, разликата помеѓу овие и најновото истражување е во тоа што во претходните истражувања се користеле само фотографии и описни зборови како “мал”, “краток”, “голем”, “долг”, додека во најновото истражување жените добиле 3D модели на пенис кои можат да ги гледаат и да ги допираат по 30 секунди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *