
Едно истражување покажало дека околу 95 отсто од жените кои имале повеќе од 20 сексуални партнери, не можат да најдат личност за брак. Затоа, во модерните врски се наметнува прашањето, дали е важно со колку луѓе биле мажот или жената интимни и колку сме конзервативни?
Неодамна, студија во Канада покажа дека една третина од мажите од 7656 испитаници ја сметаат жената за промискуитетна доколку има повеќе од 20 сексуални партнери. Дури 41 отсто, пак, границата ја повлекуваат до бројката 10, за кои велат дека и таа бројка е релативно голема.
Сексуалните едукатори пак предупредуваат дека против овие предрасуди треба да се бориме и дека бројот на љубовници не ја одредува жената како личност. Од друга страна, пак, мажите исто така лажат за бројот на партнерки, но откриваат двојно поголема бројка од вистинската.
Останува да ве прашаме само дали за вас е важно со колку мажи претходно спиела вашата сегашна девојка и која бројка би ја прифатиле?