Зошто врската ја прекинуваат мажите, а зошто жените е прашање на кое дал одговор порталот SeekingArrangeent преку анкета која била спроведена над илјада свои посетители.
Иако мажите се озлогласени по тоа дека не се спремни за обврска во филмовите и сериите, во реалниот живот тоа е главната причина за раскинување на жените. Покрај тоа, јак аргумент за раскинување е и недоволната заработка на мажите.
Мажите, од друга страна, прекинуваат затоа што мислат дека врската не функционира, партнерката повеќе не ги привлекува сексуално или нашле друга.
Само 43 проценти од мажите имаат храброст да се соочат со партнерката и во живо да и’ кажат дека е готово, додека тоа се спремни да го направат повеќе од 50 проценти од жените. Телефонот е драго орудие за прекин и на едните и на другите, но сепак мажите тоа го прават почесто на тој начин, 32% спремна 27% жени.
Најчести машки причини за прекин
Драга, ова едноставно не функционира…
Слушај, немој да се лутиш, но запознав друга…
Се’ е убаво, но веќе не ме привлекуваш…
Не го чувствувам истиот сексуален нагон како порано…
Мислам дека е подобро да се посветам на кариерата…
Драга, сфатив дека сакаме сосема различни нешта…
Дојдов до заклучок дека веќе не сакам да те гледам…
Знаеш, сепак не сум спремен за таква обврска…
Сфатив дека немаме речиси ништо заедничко…
Најчести женски причини за прекин
Драги, не сум спремна за ваква обврска…
Ова е сепак малку пребрзо за мене…
Добар си, но не заработуваш доволно…
Премногу си детинест за мене…
Мислам дека би требало да се посветам на кариерата…
Ти си ОК, но твоите пријатели и семејство…
Види, ова стварно не функционира…
Знам дека нема да се земеме, па нема смисла да ја продолжиме оваа врска…
Заклучив дека немаме скоро ништо заедничко…
Едноставно немам доволно доверба во тебе…