- Алфа мажот не се обидува да биде алфа маж. Оние кои се обидуваат, не успеваат. Нему не му е важно дали е алфа или бета мажјак; наместо тоа, тој е просто фокусиран на тоа за својата работа да добие почит. Тој не проверува секој миг дали другите ќе му одговорат како да е алфа мажјак. Освен тоа, кога ќе стекне семејство, тој автоматски е глава на тоа семејство, затоа што нема избор за него да не биде алфа маж.Се интересира за живеењето, фасциниран е од светот околу него, страсно тежнее на оригинален начин да стане својата најсилна и најдобра верзија која природно ќе ги води другите.
- Тој е апсолутно искрен и си го чува интегритетот постојано.Толерантен е и поседува социјални способности кои се доволни за да се справи со разликите.
- Тој не е оној кој бара одобрение од луѓето за своите постапки. Наместо тоа, тој ги вреднува оние околу него.
- Ја има иницијативата и почнува со акцијата додека другите чекаат и се чудат.
- Соработува за остварувањето на сите посложени цели.
- Секогаш знае токму што сака и како да го оствари тоа.
- Тој е најупорниот од сите и е желката, не зајакот.
- Способен е за одбрана на себеси и блиските.
- Најхрабро ги прифаќа нештата кои постојат и се соочува со нив секогаш кога е можно.
- Интересен е, смешен, добар раскажувач.Има интересни приказни за кажување според настани од реалниот живот (одживеан во правата смисла).
- Способен е да се смее на себеси. Не можеш да исмееш алфа-мажјак затоа што ќе ти се приклучи, а никој не може подобро да го исмее од него самиот.
- Не мисли дека е подобар од другите. Без оглед што постигнал. А и да се случи такво нешто, би траело само миг.
- Интелигентен, образован, жеден за знаење и учење. Интелигентно комуницира со бизнисменот и свештеникот, историчарот и спортистот.
- Тешко е да не го засакаш затоа што е смирен, физички јак, а истовремено извонреден комичар и комуникатор. Животите на другите се поубави кога е тој дел од нив.
- Ја знае вредноста на секој збор и не зборува колку да си го слушне сопствениот глас. Кај него секој збор е математички прецизно избран затоа што ја почитува моќта на зборовите. Не зборува само за да биде слушнат ниту пак е најгласниот во собата.
- Има цел која го дефинира. Наместо да се бара себеси, зафатен е со создавање на себеси. Секој ден прави нешто што го доближува до неговата цел. Тој не е истражувач или извидник.
- Тој е неверојатен работник кој знае дека ништо не е остварливо без напорна работа и крајна цел.
- Не се грижи за нештата кои не се во границите на она што може да го контролира. Дава се од себе да ги контролира нештата кои може, но не и за оние кои не може. Се грижи само за сегашниот момент.
- Не влегува во тепачки, но ги завршува ако влезе. Не е насилник, провокатор или нефер играч. Но поседува извонредна физичка подготвеност да се одбрани ако е нападнат.
- Има стил кој си го почитува, заради што и другите го почитуваат. Знае да се облекува како вистински маж.
- Знае кој е и го раководи животот според своите вредности кои си ги брани со максимална одговорност и чест, дури и да е осамен во тоа.
- Знае респектабилно да се однесува со жени, често затоа што во својот живот имал одлични. Им помага на жените да си ги остварат соништата во секоја ситуација.
- Не ги задоволува потребите на другите и не се однесува според нивните вредности. Не им дозволува на жените да му го диктираат животот. Тој се поседува самиот себеси и токму заради ова не си дозволува на себеси да биде со control-freak или љубоморна жена. Поседува висока социјална интелигенција која му овозможува да ја види бурата пред да настане.
- Ја следи изреката „Биди човек од вредност наместо успешен човек.“ А успехот најчесто следи штом доволно цврсто и сигурно се следат животните вредности.
- Помага на другите затоа што е дарежлив и отворен за давање и примање. Поседува цел, не затоа што го гледа животот како поле за остварување успеси, туку затоа што вредностите ги заснова на своето наследство. Тоа наследство се состои во тоа како прави да се чувствуваат другите и како им помага да си ги остварат соништата.
- Водач кој води преку пример кој не им кажува на другите како да живеат, туку претставува најдобра верзија на себеси, живеејќи го животот кој верува дека е најдобар.
- Гледа можност онаму каде другите гледаат пропаст. Алфа мажот може да не успее, но за него неуспехот не е крајот. Неуспехот е неопходно искуство, камен врз кој требало да се стапне. Ова знаење му дозволува да проба нешта од кои другите бегале и да работи понапорно кога другите обично се откажале.
- Освен надворешна, поседува извонредна внатрешна сила која најчесто е на граница со тврдоглавост. Кога ќе почне разговор за нешто за што е длабоко убеден, никој не може да го запре или оттргне од вистината во која верува. Останува уверен во тоа до крајот. Сепак, поседува отворен ум и внимателно ги сослушува и другите гледишта.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma