Знаци дека повеќе нема љубов меѓу вас

popara21 август, 20151min00
12

Љубовта колку и да се чини дека е единствена и посебна, знае да исчезне.

Врската знае понекогаш да биде уништена, но едноставно да продолжи од навика или несигурност. Дали тоа важи и за вашата врска?

Провери дали сè уште си вљубен/а:

1. Едноставно немаш желба

Има разлика во тоа дали имаш сексуална желба, или едноставно истата не те врзува за твојот партнер. Доколку немаш желба за вистинската акција, а сè уште тајно посакуваш или фантазираш за друга личност, тогаш веројатно веќе не си толку заинтересиран/а за твојот партнер.


2. Магијата е во малите нешта

Се сеќаваш кога ти се допаѓаше неговото/нејзиното танцување? Сега единствените асоцијации кои ги имаш за неговите/нејзините неартикулирани движења се само чувствата на гадење и презир.


3. In vino veritas

Ако поранешните благо пијани вечери беа извор на дополнителна акција, сега единственото нешто што се сведува на „акција“ се караниците меѓу вас. Дефинитивно, знак за незаинтересираност.

29-znaci-deka-povekje-nema-ljubov-megju-vas-2.jpg

4. Очите ви лутаат

Ова не го сфаќајте погрешно. Секому се случува да се восхитува на убавиот/та дечко/девојка кој/а минува. Ако восхитот преминува во опасни зони на дневно сонување и фантазирање на животот кој може да го имате со тоа личност, запрашајте се дали сè уште вреди да бидете во врска со оваа личност?


5. Избувливост

Расправиите се природен дел на секоја врска, но сега се секојдневни. Повеќе не можете да имате нормален разговор со вашиот партнер/ка без истиот да заврши во жестока расправија. Често тоа укажува на тоа дека не сте ги разрешиле големите проблеми во вашата врска.


6. Недостаток на интерес

Добрата комуникација е столб на силната врска, но сега го имате изгубено секој интерес да слушате за неговите/нејзините проблеми и општо како тоа им минал денот. Запрашајте се, дали сте воопшто заинтересирани за таа личност?


7. Повеќе не се грижите за вашиот изглед

Додека позитивна и здрава работа e да се чувствувате удобно покрај вашиот/та партнер/ка, денот кога ќе одлучите тотално да се запоставите себеси е загрижувачки. Тоа што повеќе не се грижите за себе значи дека повеќе воопшто не се грижите за неговото/нејзиното мислење.


8. Kому му е грижа?

Онака како што секојдневните расправии може да бидат показател на незаинтересираност, така и целосната индиферентност е знак дека повеќе не сакате личноста да биде дел од вашиот живот.


9. Воопшто не сте љубоморни

Барем за женскиот пол, сите знаеме дека друштвените дискусии се сведуваат на прашањето за љубоморните „испади“. Онака како што, неизмерната љубомора и константната опседнатост со личноста е нездрава, така и целосната незаинтересираност за тоа дали вашиот партнер гледа или фантазира за друга личност, е загрижувачки.

29-znaci-deka-povekje-nema-ljubov-megju-vas-1.jpg

10. Без разговор

Дали кратките секојдневни разговори ви станаа навика или целосно исчезнаа? И двете нешта се знак дека повеќе не сте заинтересирани за вашиот партнер.


11. Не ви недостасува

Одвоени сте? Дали воопшто тоа го забележавте? Не? Прашајте се дали воопшто имате потреба од оваа личност.


12. Поставување на граници

Се сеќавате кога последен пат планиравте нешто заедничко? Времињата кога секојдневно излегувавте заедно, дури и во пријателските кругови, исчезнаа? Дури и да се случува тоа, едноставно се игнорирате?


13. Светот се врти само околу вас

Да, дефинитивно е нормално да се сакате и почитувате себеси. Но, ако повеќе воопшто не се грижите за она во што верува или сака партнерот, тогаш веројатно оваа личност не е веќе важен дел од вашиот живот.


14. Немате почитување

Почитта е подеднакво важна како и комуникацијата. Ако не се почитувате меѓусебно, тогаш не се грижите за нејзините/неговите потреби, не се грижите за она што ѝ/му е потребно и дефинитивно не се грижите за тоа дали сте и ќе бидете во врска и понатаму.


15. Немате доверба

Мора да се научите да ѝ верувате на личноста со која сте во врска. Ако едноставно немате доверба, секое нејзино/негово излегување ќе биде мака и причина за расправање. Или научете се да имате доверба или едноставно прекинете ја врската.


16. Партнерот е последно рангиран како приоритет

Ако на прво место ги ставате само вашите пријатели, работата и роднините пред неа/него, тогаш вашата врска ќе страда. Да, има нешта кои се поважни или подеднакво важни, но оваа личност сè уште треба да конфигурира на вашата листа на значајност.


17. Го попречува исполнувањето на вашите соништа

Ако за личноста со која сте во врска верувате дека го попречува исполнувањето на вашите соништа и ве кочи, подобро е таа врска да ја прекинете.


18. Се ве иритира

Нештата кои би требало да ви годат, ве иритираат. Букетот цвеќиња или маицата од вашиот омилен фудбалски тим, ако се подарок од него/неа, ќе бидат извор на тоа да избувнете. Ако крвта ви врие секогаш кога ќе ја погледнете личноста, веќе не е време да бидете со неа.


19. Ве срами

Самата помисла да го/ја запознаете со семејството е застрашувачка и загрижувачка.


20. Повеќе не се гледате онака често како што сте се гледале порано

Веќе не си давате време да излезете заедно. Ако ги откажувате заедничките планови затоа што, ве мрзело да се истуширате или воопшто да излезете од дома, тогаш веројатно веќе не сте заинтересирани. Ако оваа личност веќе не е причина да излезете од дома, тогаш не се трудете да останете пар.


21. Само го/ја критикувате

Кога ќе излезете со вашите пријатели, ако единствениот разговор кој го имате за оваа личност се поплаките за нештата кои ви пречат кај него/неа, тогаш веројатно повеќе не сте вљубени во оваа личност.

29-znaci-deka-povekje-nema-ljubov-megju-vas-3.jpg

22. Претпочитате да бидете сами

Сакате да одите сами да го гледате новиот филм во кино, наместо да одите на состанок со вашиот партнер? Загрижувачки знак.


23. Одвратност

Дали чувствувате силна одвратност секојпат кога ќе го/ја видите во гола верзија? Очекувано е за партнерот да размислувате како за „најсекси“ личност на светот и покрај нивните маани. Ако повеќе оваа личност не ве возбудува, не би требало да бидете со неа.


24. Проблемите и болките не ги споделувате

Ја загубил/а работата? Се разболел/а? Тоа едноставно вам не ве загрижува повеќе.


25. Пеперутките во стомакот исчезнаа

Се сеќавате кога секојпат кога ќе ја погледневте или бакневте оваа личност чувствувавте неизмерна возбуда и пеперутки во стомакот? Овие чувства со текот на времето нормално е да исчезнат, но остануваат веселоста и исчекувањето да го добиете нејзиниот/неговиот поглед и бакнеж.


26. Кажувате дека сте сингл

Петок навечер, излегувате со вашите пријатели и на посакуваната личност ѝ изјавувате дека сте сингл? Одеднаш целосно заборавивте на партнерот?


27. Повеќе не сте вљубени

Оваа личност е најголемиот знак за тоа дали треба да бидете заедно. Порано бевте затрескани во оваа личност, но тие чувства тотално исчезнаа. Секој пар има проблеми, но вашите чувства не се само секојдневни проблеми. Можеби е краткотрајна криза, но ако чувствата не се изменат, веројатно повеќе не сте еден за друг.


28. Повеќе или воопшто не фантазирате за овековечување на врската

Можеби звучи типично женска карактеристика, но дури и минималната фантазија и желбата да бидете со личноста на долга стаза е показател за вашата љубов. Ако ова не се случува воопшто, веројатно никогаш и не сте ја сакале оваа личност.


29. Знаеш дека заслужуваш подобро

Сметаш дека си подобар/а, попаметен/а или пак најповршно дека изгледаш подобро? Чекаш некој подобар/а да наиде? Не чекај, не го губи твоето време, ниту времето на твојот партнер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag