Знаци кои откриваат дека сте во љубовна врска без иднина

popara22 август, 20151min00
1

Проблеми од детството, неговиот пристап, но и бројните пријатели можат уште на почетокот да покажат дали вашата врска има иднина или не, тврди стручното лице за врски Маргарет Пол. Постојат три рани знаци кои откриват точно со кого си имате работа, но исто така може да бидат и добар показател за тоа што треба да промените кај себе.

Препознајте го нарцисот со време

Ако партнерот уште на почетокот на врската има силен настап и вас ви го кажува сето она што сакате да го слушнете, можно е да имате врска со нарцис. Он бара константно внимание и не поднесува “не” за одговор. Таквиот тип на мажи ужива ловејќи ја својата партнерка, но штом паднете на неговото додворување, тој губи интерес, вели др. Пол.

Нарцисите сметаат дека нивните мислења и искуства се најбитни и со самото тоа ги омаловажуваат вашите. Нив им е најбитно да се покажат во добро светло, а за вашето мислење не се ни грижат. Толку сакаат да говорат за себе, што разговорот многу често се претвара во монолог.

Низа пропаднати врски и бракови

Иако луѓето за своите проблеми како виновници ги обвинуваат другите, низата пропадната врски и бракови е знак дека мнгу тешко одржуваат врска со некого. Таквото однесување може да се однесува на некој што не е спремен на компромис или прерано се предава , објаснува др. Пол.

Фрустрации од минатото

Проблеми од  детството и односот каков што нашите родители го имале со нас го пренесуваме на врската. Така, вашиот партнер може да мисли дека е нормално своите фрустрации да ги пренесува на вас, како што тоа му го правеле и нему, истакнува др. Пол. Таквата врска може да представува предизвик, а на вас останува да одлучите на кој начин ќе се справите со тоа.

Ако не ја разбира вашата тага, нема да ја разбере ни вашата радост

Уште една одлика на нарцисот е тоа што нема разбирање за туѓите проблеми и никогаш не сочуствува со вас. Ако не ја чуствува вашата болка, нема да може да ја почуствува ни вашата радост. Во таквата врска можно е да се чуствувате осамено, особено затоа што со човекот кого го сакате не можете да споделите се што ве мачи.

Не е спремен за одговорност

Партнерот кој ги напуштил своите деца не се грижи за никој друг, освен за себе и тешко се носи со фактот дека некој зависи од него. Тој не сака одговорност, а решавањето на проблемито го препушта на другите.

Јас сум секогаш во право

Луѓето кои сметаат дека се секогаш во право и не се согласуваат на компромиси имаат проблем со одговорност.  Не се отворени за разговор и не прифаќаат различни мислења поради што и секој обид за договор завршува со караница.

Луѓето тешко се менуваат

Врската со партнер кој зависи од цигари или ТВ и вие едноставно го презирате тоа кај него, е осудена на пропаст. Или прифатете ги неговите несовршености или извлечете се на време. Најбитно е да запомните дека луѓето не може да ги промените , освен ако они сами не сакаат.

Финансиска неодговорност

Со патнерот со кој делите пари или е во долгови треба да бидете многу внимателни. Може да му предложите да живее со вас додека не се снајде, но тоа привремено, може да остане трајно. На крај вие ќе го финансирате работно способниот маж.

Верувајте на инстиктот

Имате чуство како да не ви ја кажува целата вистина, верувајте им на своите инстикти. Немојте одма да го напаѓате, прво допуштете му да се изјасни. Кажете му дека озбилна врска се гради со доверба, а таа се заслужува со тек на времето.

 Нема пријатели? Тој не поднесува туѓо мислење!

Ако вашиот партнер нема пријатели и не разговара со својата фамилија, тоа значи дека при првите проблеми се одкажува и не поднесува ни чие мислење, па дури и ако тоа е за негово добро.Врската со таквиот тип машки може да стане исцрпувачка затоа што од вас ќе бара да му бидете се, и партнерка и пријателка и мајка.

Ако не се сака себе, нема да ги сака ни другите

Човекот кој не ги сака другите нема да се сака ни себеси. Тој омаловажуваќи ги луѓето околу себе, сака самиот да се воздигне, а неговите коментари се огорчени. Таквото своеглаво однесување е психичко малтретирање.

Љубомора – Контрола или љубов?

Љубомората може да ја уништи врската. Ако вашиот партнер е љубоморен затоа што се дружите со пријателките или идете во теретана , тоа покажува на неговата несигурност. Него му е најбитно да го контролира секој ваш потег.

Ве раздвојува политиката и начинот на одгледување на децата

Се разликуваат ли вашите мислења околу религијата, политиката и одгледувањето на децта, тоа не мора да значи дека не сте еден за друг. Но врската е сама по себе доволно комплицирана и без кавги околу најбитните теми како што е одгледување на децата.

Луѓе без хоби бараат многу од врската

Луѓето кои немаат хоби и немаат интерес за различни активности многу бараат од врската. Тие сакаат да бидат во центарот на внимание во светот на партнерот и не го поднесуваат фактот дека тој би можел да има богат и друштвен живот.

Он е секогаш жртва

Партнерот кој никогаш не превзема одговорност за своите чуства и околности во кои се наоѓа, никогаш не превзема одговорност и за својата несреќа секогаш ги обвинува другите. Тој е секогаш жртва , а вие сте главниот кривец за се она што лошо му се случило, објаснува др. Пол.

 

 

 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag