Знаци што јасно ќе ви покажат дали сте дел од напорните луѓе што сами си ја саботираат врската

popara14 август, 20151min00
13

Убедени сте дека постојано се водите од најдобри намери и дека единствената цел ви е да демонстрирате љубов и внимание, но кога личноста со која сте во врска ве седнува за да ви објасни дека премногу „ја гушите“, не можете да разберете како дојдовте до таков разговор. Тоа е затоа што она што вие мислите дека е покажување внимание, некогаш е чиста демонстрација на љубомора и обид за контрола.

Вообичаено овој проблем се јавува кога двете страни не се наоѓаат на исто емотивно рамниште, па едната страна покажува далеку поголемо количество емоции од другата. Како резултат на ова, имате две страни кои имаат различна перцепција за количеството на заедничко време што треба да го поминат заедно.

Ова се неколку знаци што јасно ќе ви покажат дали сте дел од напорните луѓе што сами си ја саботираат врската.

Се наметнувате

„Кога ќе се запознам со твоите родители/пријатели?“, „И јас сакам да дојдам на таа прослава“ и слични реченици се знак дека истрчувате чекор понапред одошто треба. Треба да дозволите врската да се развие природно и со тек на време ќе ги добиете поканите што ги посакувате. Колку и да сте заљубени, на другата страна и е потребно време за да ве процени, да види каде води ова вашето, за потоа да може да ве запознае со своите родители или пријатели. Тоа што вие сте подготвени тоа да го направите сега, не значи дека истото го чувствува и партнерот/партнерката.

Премногу прашања за минатото

Дали сте дел од оние што сакаат да знаат апсолутно сè? Постојано ја користите приликата да потпрашате нешто за љубовното минато, да откриете со какви луѓе била личноста со која што сте заедно, зошто тие врски се распаднале итн итн… Вие тоа го претставувате како тие прашања да се сосема нормални, меѓутоа тоа другата страна не го доживува на тој начин. Зошто би чепкале во минатото, ако веќе ја имате личноста покрај себе? Можеби таму има грди спомени што не се вредни за споменување, а вие сосем непотребно посочувате на нив.

Контрола

Се чудите зошто вие постојано се јавувате на телефон? Обрнете внимание на ова постојано. Можеби толку често се јавувате, што другата личност нема ни простор да го направи тоа. Колку пати во денот треба да се слушнете за да си го одржите нормалното ниво на комуникација? Сигурно не на секој час. Уште пак, ако покрај телефонот, постојано пишувате на социјални мрежи, барате извештај од типот „каде и со кого беше“ и без најава често се појавувате за да проверите што прави, на добар правец сте кон раскинување.

Инсистирате постојано да сте заедно

Минувањето време одвоени е здраво за секоја врска. Тоа што ќе инсистирате секоја секунда да ја минувате заедно, не значи дека ќе станете поблиски. Треба да бидете искрени и да признаете дека повеќе се работи за страв дека ќе ја загубите личноста, одошто реалната потреба да се минува толку многу време заедно. Оставете ја личноста да го води својот живот, да минува време со своите пријатели и да се посвети на она што ја исполнува.

Предизвикувате стрес

Бидете реални и погледнете ги сите ваши расправии, ако вие сте нивниот почеток и крај, тогаш јасно е каде се крие проблемот. Во моментот кога партнерот/партнерката почнува да се повлекува од вас и се оддалечува, веќе треба да знаете дека правите погрешни чекори. И така очајниот обид да ја задржите личноста во вашиот живот, на крајот резултира со огромен проблем во комуникацијата што потоа не може да се поправи.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag