Убавата Руска манекенка Ирина Шајк, “довчерашна” вереничка на славниот Кристијано Роналдо има нов дечко.
А, сите веќе го знаете – тој играше во филмовите “American Sniper”, “Hangover” и други, а неодамна ја раскина врската со убавата Суки Вотерхаус… да, тоа е Бредли Купер.
Парот е виден заедно на Бродвеј, на претставата “Finding Neverland” во која игра Метју Морисон.
Неименуван извор близок на манекенката и актерот вели дека парот се познава веќе некое време, но дека поинтензивното дружење почнало во изминатите неколку недели.