Голем дел од вас верувам го доживеале следново: запознавате интересна личност, сето тоа прераснува во нешто повеќе, се раѓа љубов и романса и вие се наоѓате во еден волшебен свет. И се е така розово се до моментот кога ќе откриете дека не сте повеќе среќни. Дека љубовта веќе ја нема…Знаете ли зошто? Сакате ли вакви репризи повеќе да нема? Тогаш посветете дел од вашето време на овој краток текст што се надевам ќе ви помогне на вас онака како што ми помогна мене. Ми ги отвори очите, ме освести и ми покажа каде е мојата грешка.
Самодовербата е клучен елемент кога станува збор за успешна врска и квалитетно исполнет живот. Дали можете да ја одредите тенката граница кога ја имате и кога почнувате да ја губите самодовербата?
Сите знаеме дека љубовта е процес кој пред се се темели на компромиси. И тоа дефинитивно е така. Но тоа мора да биде взаимен процес во кој учествуваат и двете страни. Ако компромисите се еднострани, ако вие само давате и давате, во еден момент ќе уочите дека вие сте перманентно несреќни. И ете како самодовербата го наоѓа своето место во мозаикот. Ако сами не се цените доволно не очекувајте никој друг да ве цени. Ова се однесува на сите аспекти во животот, не само за љубовта.
Што претставува самодовербата?
Многу е лесно да се помеша со егото. И во суштина не се многу различни како ментални процеси еден од друг. Самодовербата е мислењето што го имате сами за себе додека егото е разбирањето за вашата важност и достоинство.
Самодовербата се изразува во тоа да верувате во себе, а егото ви дозволува да осознаете колку сте специјални, уникатни и важни сте вие, за така да се третирате постојано.
Ако не се респектирате доволно нема како да сте рамноправен и достоен партнер во една врска, нема да го имате потребното его и потсвесно ќе си повторувате дека не сте достојни или не вредите онолку колку што вреди тој. И тука некаде, кога човекот од другата страна ќе го „намириса“ вашиот страв и несигурност доаѓа моментот кога неговиот интерес намалува…И уште полошо е што вие го гледате тоа и како давеник за сламка очајно се обидувате да го задржите неговото внимание паѓајки уште подолу…а штом трчаш по нешто, тоа се посилно бега…нели? Од искуство сите ние го знаеме ова.
Кога човек доволно се цени, тој верува дека ја заслужува неопходната љубов и внимание и ги бара. Тоа од своја страна го тера другиот да го оцени човекот до себе и да се однесува со него со потребната сериозност.
Не дозволувајте другите да ве убедуваат во нешто во што не верувате. Бранете ја својата позиција до последно, особено ако другата страна нема силни логични докази за да ја заштити својата теза.
Страв ви е дека ако се спротивставите на партнерот и не се потчинувате на неговите желби дека ќе го/ја изгубите? Во реалноста, ако вие сте во право и го докажете тоа, само ќе го спечалите неговиот респект.
Кога ќе почнете да давате повеќе отколку што добивате губите дел од себе…и со тек на време вашата идилична врска станува безвкусна љубовна историја во која има само една личност, а другиот партнер е негова бледа и безинтересна сенка.