Зошто сексот со постојан партнер е најдобар?

popara11 мај, 20151min00
6

Бројот на сексуални партнери и искуства не открива многу за тоа какви сме во кревет и што се можеме да направиме. Баш напротив, сексот само со еден партнер може да биде многу подобар од сексот за една вечер со некој сосема непознат.

Кои се предностите на сексот со постојан партнер?

Долгите врски го разбираат сексот
Долгогодишните партнери можат слободно да разговараат еден со друг што им се допаѓа, а што не и доколку постои некоја работа која погрешно ја прават, нема да се грижат како ќе звучи тоа ако го кажат. И вака и така се работи за взаемна работа и во секој момент партнерите ќе се разберат.

Постојаните партнери често имаат секс
Без разлика дали партнерите живеат заедно или не, тие многу почесто имаат секс и се стекнуваат со повеќе искуство. За да не им стане сексот здодевен, тие во секој момент се подготвени за експериментирање и воведување на нови работи во сексуалниот живот.

Се грижат за здравјето
Партнерите кои долго време се заедно еден со друг си ја знаат сексуалната историја и немаат потреба да се грижат за сексуално преносливи болести.

Подготвени се за експериментирање
Можеби мислите дека менувањето сексуални партнери ќе ви помогне да знаете како да бидете различна во кревет. Но, треба да знаете дека ликовите се менуваат, а навиките не! Постојаните партнери нема да ве осудат доколку сакате да пробате нешто ново, а за да се задоволите еден со друг ќе бидете подготвени за експериментирање.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag