Доколку сте од оние кои своите компјутери едноставно ги оставаат во sleep mode или само ги затвараат лаптопите на крајот од денот, предупредувањето дека веднаш мора да го рестартирате компјутерот би требало да го сфатите крајно сериозно.
Имено, компјутерот кој константно работи може да доведе до голем број проблеми, вклучувајќи губење меморија, ранливост од хакерски напади, проблеми со Wi-Fi конекцијата…
Познатиот портал Cnet направи кратко видео кое најдобро покажува зошто би требало да го исклучите компјутерот откако ќе завршите со работа.