Топлата облека која ја носиме зимно време го крие нашето тело, така што помалку обраќаме внимание на нашиот изглед. Затоа, според британските доктори, не е чудно што во просек луѓето се здебелуваат од 1 до 4 килограми зимно време.
“Постои теорија дека луѓето се генетски програмирани да акумулираат масти кога е студено, за да можат да ја преживеат зимата,” сметаат британските научници. “Проблемот, сепак, е тоа дека не ни се потребни многу масти, бидејќи имаме доволно храна во текот на годината,” додаваат тие.
Под влијание на мелатонинот, кој исто така се нарекува хормон на спиењето, луѓето имаат зголемен апетит за време на есенските и зимските месеци.
Зимно време се зголемува и депресијата, што кај многу луѓе резултира со преголемо конзумирање на слатки. Исто така зимно време имаме намалено ниво на витамин Д, кој го забрзува разложувањето на мастите во телото, па затоа докторите советуваат јадење риба најмалку еднаш во неделата.
Зимно време значително се намалува и желбата за физичка активност, а со тоа и бројот на калории кои ги согоруваме.
Затоа, за да останете фит се до пролет, препорачуваме да внимавате на исхраната и да вежбате најмалку два пати во неделата.Така во пролет нема да мора да се измачувате со драстични диети за да се вратите во топ форма.