Овде забавата не престанува. Со коктели и пиво се почнува од наутро, се танцува и лудува цел ден, не се прекинува ни во самрак ни зори.
Плажата Зрче послените 7-8 години стана балканската Ибица, со забави и диџеи за кои се слуша надалеку.
Хрватскиот остров Паг е новата дестинација, не само на хрватските и словенските туристи, туку и на европските, посебно на Британците, кои се познати по тоа што сакаат да претераат со чашката и со лудувањето.
Зрче и годинава врие од млади луѓе желни за забава.