Звукот на V12 моторот на BMW во McLaren F1 секако ретко кого остава рамнодушен, а тркачката GTR верзија е секако и уште поекстремна, а со тоа и погласна, во што се увери и една повозрасна госпоѓа.
McLaren F1 беше, но и сè уште важи за еден од најдобрите суперспортски автомобили на сите времиња, кој своевремено држеше и апсолутен брзински рекорд, сè до појавата на моделот Bugatti Veyron.
Неговата тркачка верзија, односно моделот GTR, кон средината на 90-тите години буквално се провлече на светските писти и напросто остана без конкуренција.
Погонуван од атмосферскиот V12 мотор на BMW со волумен од 6.0-литра (“Longtail” верзијата од 1997-мата година), овој автомобил звучи како разбеснет ѕвер, во што лично можеше да се увери и една бабичка, која приоѓајќи и на својата црвена Fiesta, во еден момент веројатно почувствува дека срцето ѝ потскокна.
Погледнете: