10 знаци дека жената е несреќна во бракот

popara27 април, 20161min00
14

Кога партнерот ќе почне да ја занемарува својата сопруга, таа постепено почнува да се чувствува несреќна во бракот.

Денес живееме со брзо темпо на живот, немаме време да се посветиме на сопствените партнери, па оттука постојат и многу несреќни партнери.

Неколку знаци кои покажуваат дека жената не е среќна во бракот.

1. Престанува да комуницира со сопругот

Познат е фактот дека жените сакаат да зборуваат, па кога таа ќе престане да комуницира со својот сопруг повеќе од очигледно е дека нешто ја мачи.

2. Многу брзо се лути

Кога жените се неисполнети и несреќни, тие се во состојба да започнат да се расправаат за секоја ситница.

3. Секогаш е уморна

Едно истражување од UCLA открива дека жените кои се несреќни во бракот имаат поголемо ниво на кортизол, кој доведува до низа симптоми меѓу кои и хроничниот замор.

4. Кажува „не“ на сексот

Жените кои се незадоволни во бракот, не сакаат партнерот да ги допира ниту да се бакнуваат со него.

5. Има тајни

Кога се однесува таинствено и не сака да сподели сè што ѝ се случува во животот, веројатно е дека работите не се одвиваат како што треба.

6. Губи доверба

Кога жената ќе ја изгуби довербата, секоја мала работа е „под лупа“.

7. Не обрнува внимание

Кога жената го губи интересот за својот сопруг, тогаш очигледно е несреќна во бракот.

8. Прави нови чекори во животот

Кога сè повеќе се посветува на своите хобија и сè помалку време посветува на партнерот, очигледно е несреќна.

9. Почнува да размислува само за себе

Жената која е несреќна во бракот станува себична.

10. Го менува својот изглед

Видните промени во изгледот се уште еден знак дека е подготвена да продолжи понатаму без својот партнер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag