Дали сте знаеле дека најмалиот пингвин на планетата е само 40 сантиметри висок? Или дека мамути шетале по Земјата кога се граделе Големите пирамиди? Задоволете ја вашата љубопитност за светот околу нас со овие 100 фасцинантни, смешни и многу интересни факти:
- На вашата кожа живеат повеќе форми на живот отколку што има луѓе на планетата.
- Видрите спијат држејќи се за раце.
- Кога играта Твистер прв пат била претставена во 1966, критичарите ја опишале како „секс во кутија“.
- О Џеј Симпсон требал да ја игра улогата на Терминатор, но студиото се плашело дека никој нема да верува дека тој може да глуми безмилосен убиец.
- Леонардо да Винчи можел да пишува со едната рака и да црта со другата во исто време.
- Последниот човек што одел по Месечината, Џин Сернан, и ветил на неговата ќерка дека ќе ги напише нејзините иницијали на Месечината. Тој го направил тоа и нејзините иницијали, „ТДЦ“, најверојатно ќе стојат на Месечината десет илјади години.
- Октоподот „Мимичар“ не само што менува бои туку може и да имитира форми на други животни како некои видови на риби и морски змии.
- Дваесет проценти од шољите за кафе содржат материја од измет.
- Доколку го отсраните целиот празен простор од атомите што го сочинуваат секој човек во светот, целата светска популација би ја собрало во едно јаболко.
- Во 1960-ите, ЦИА се обидела да ги шпиунира Кремлин и руските амбасади со претворање на мачки во направи за прислушување. Со програмата, наречена „Акустично маче“, на мачките хируршки им се вметнувале батерии, микрофони и антени.
- Трите најбогати семејства во светот имаат повеќе средства отколку комбинираното богатство на четириесет и осум-те најсиромашни земји.
- Еден застој во сообраќајот траел повеќе од десет дена, а автомобилите се движеле помалку од еден километар дневно.
- Дуелите се легални во Парагвај сé додека двете страни се регистрирани донатори на крв.
- Гасениците целосно се растекуваат при нивната трансформација во молци.
- Има преку 200 тела на Монт Еверест и тие служат како патокази за планинарите.
- Адаптирано со инфлација, Џон Д. Рокфелер е најбогатиот човек во историјата на светот со вкупна нето вредност десет пати поголема од Бил Гејтс.
- Сите часовници во филмот „Евтини приказни“ стојат на 04:20.
- Др. Сус ја напишал „Зелени јајца и шунка“ само за да победи на облог со неговиот издавач кој не верувал дека тој може да напише книга со само 50 зборови.
- Во просек, еден човек ќе изеде 70 инсекти и десет пајаци додека спие.
- Постојат повеќе можни потези во игра шах отколку што има атоми во познатиот универзум.
- Кога играчите на американски фудбал на тимот на Универзитетот на Небраска играат дома, стадионот станува трет најголем град во државата.
- Во Русија пивото не се сметало за алкохол до 2011. Претходно било класифицирано како безалкохолен пијалок.
- Доколку машки лав преземе глутница, тој ги убива сите младенчиња.
- Женските делфини помагаат при породувањето на други делфини.
- Две-третини од луѓето на светот никогаш не виделе снег.
- Во трилерот „Психо“ на Алфред Хичкок од 1960 звучните ефекти за познатата сцена под туш всушност биле создадени со повторувани убоди во диња.
- Птицата колибри тежи помалку од една железна паричка.
- Во САД има повеќе ненаселени куќи отколку бездомни лица.
- Човечката плунка содржи состојка против болки наречена опиорфин која е шест пати посилна од морфиум.
- Влакнестиот мамут постоел во времето кога се граделе пирамидите во Египет.
- Крвта на јастозите е безбојна, но кога е изложена на кислород станува сина.
- Доколку пробате да се спречите да не кивнете можете да искинете крвен сад во главата или вратот и да умрете.
- Кога змии се раѓаат со две глави тие се борат меѓусебно за храна.
- Просечниот човек во текот на својот живот пешачи еднакво на поминување три пати околу светот.
- Ајкулите можат да детектираат еден дел крв во 100 милиони делови вода.
- Австралија е единствениот континент без ниту еден активен вулкан.
- Кожата е најголемиот орган што го сочинува човечкото тело.
- Медузите се 95 проценти вода.
- Навечер сте еден процент покуси отколку наутро.
- Би ви биле потребни повеќе од 1.000 години да го гледате секое видео на
- Ајкулите се имуни на сите познати болести.
- Едно од десет бебиња во Европа се зачнати во IKEA кревет.
- Најактвините мускули ви се во очите.
- Еден човек, Чарлс Озборн, икал 69 години.
- Бубашвабата може да живее неколку недели со отсечена глава.
- Петнаесет проценти од воздухот што се дише во метро станиците е човечка кожа.
- Јазикот е најсилниот мускул во човечкото тело.
- Гинисовата книга на рекорди го држи рекордот за најчесто крадена книга од јавните библиотеки.
- Жирафата може сама да си ги исчисти ушите со нејзиниот 53 сантиметарски јазик.
- Атлантскиот Океан е посолен од Тихиот Океан.
- Мажите имаат шест пати поголема шанса да ги удри гром отколку жените.
- Топлата вода замрзнува побрзо од ладна вода.
- Зборовите постирани на Твитер секој ден би наполниле книга од 10 милиони страници.
- Замрзнати јастози можат да оживеат повторно кога ќе се одмрзнат.
- Популацијата на Африка ќе се дуплира на 2,3 милијарди луѓе до 2050.
- Дождот содржи витамин Б12.
- Цртаните со Пајо Паторот биле забранети во Финска затоа што тој не носи панталони.
- Француски бил официјалниот јазик на Англија преку 600 години.
- Болвата може да скокне 350 пати од нејзината телесна должина, што е еднакво на човек да ја прескокне должината на едно фудбалско игралиште.
- Крокодилите голтаат камења за да се нурнат подлабоко.
- Ајкулите никогаш не прекинуваат да се движат, дури и кога спијат или се одмараат.
- 53 проценти од жените не излегуваат од дома без шминка.
- Шансата да умрете по пат кога купувате карти за лото е поголема отколку шансата дека ќе добиете лото.
- Нашите очи се секогаш истата големина од раѓање, но нашите носови и уши никогаш не престануваат да растат.
- Комарците ги преферираат децата отколку возрасните и русокосите отколку бринетите.
- Два дена откако ќе умрат, мравките испуштаат миризба која ја примаат други мравки. Тие ја земаат мртвата мравка и ја носат во мравји гроб.
- Просечниот човек консумира околу половина килограм инсекти годишно, главно измешани во друга храна.
- Доколку не би и се додавало боја, Кока-Колата би била зелена.
- Вашите нокти на прстите растат побрзо на студено време.
- САД, Бурма и Либерија се единствените земји во светот што го немаат официјално прифатено метричниот систем како стандард за мерење.
- Земјата е единствената планета што не е именувана по бог.
- Кравите имаат најдобри пријатели и доживуваат стрес кога се оттргнати од нив.
- Доколку храната не е измешана со плунка неможете да ја вкусите.
- Одењето на работа е статистички три пати поопасно од војна.
- За време на бременоста, мозокот на жената се намалува и се потребни до шест месеци да се врати на оригиналната големина.
- Пред времето на колонијализмот, Африка ја сочинувале 10.000 различни држави и автономни групи со различни јазици и обичаи.
- Во 1386 во Франција, свиња била егзекутирана со јавно бесење за убиството на дете.
- Осаменоста го намалува имунитетот, имањето семејство и пријатели го зголемува имунитетот за 60 проценти.
- Окото на нојот е поголемо од неговиот мозок.
- Доколку кивнете премногу силно, можете да повредите ребро.
- Птицата колибри е единствената птица што може да лета назачки.
- Целокупното трепкање во еден ден е еднакво на тоа да ви се очите затворени 30 минути.
- Јагодата е единственото овошје чие семе расте на надворешната страна.
- Поларните мечки кога пробуваат да се вклопат со мразот ги покриваат нивните црни носови со шепите.
- РМС Титаник е единствениот океански брод кој некогаш бил потонат од санта мраз.
- Потребни би биле 1.200.000 комарци, сите цицајќи истовремено, да се извади целосно крвта од просечниот човек.
- Околу 2.500 леваци умираат годишно како резултат на користење опрема направена за деснаци.
- Мравките се истегнуваат кога ќе се разбудат наутро.
- Златото никогаш не еродира.
- Човечките коски на бутовите се посилни од бетон.
- Најголемиот тенија црв што бил пронајден во човечко тело бил 35 метри долг.
- Кучињата се способни да разберат до 250 зборови и гестикулации и имаат демонстрирано способност да извршат едноставни математички пресметки.
- Забите на ајкулата се буквално силни како челик.
- Човечките усни имаат црвеникава боја поради големата концентрација на ситни капилари под кожата.
- Луис Армстронг толку многу свирел на труба што добивал плускавци на усните. Тој ги сечел со жилет.
- Најдолгата медуза некогаш измерена била долга скоро 49 метри.
- Поради дишењето, нашите ребра се движат околу пет милиони пати годишно.
- Само еден човек на секои две милијарди ќе доживее 116 години или повеќе.
- Од 1945, сите британски тенкови се направени со опрема за приготвување чај.
- Просечниот човек има од еден до четири килограми бактерии во своето тело.