
Без оглед на тоа дали верувате во љубов на прв поглед или не, мора да признаете дека понекогаш постои ’она нешто’ што ги привлекува луѓето.
Да, за секоја успешна врска потребен е труд, трпение и разбирање на двата партнери, но понекогаш помеѓу две лица се јавува хемија која е невозможно да се игнорира.
Овен и Водолија
Кога се заедно, овие два знака фантастично се забавуваат.Водолијата и Овенот имаат ист авантуристички дух па затоа нивниот спој е совршен и в кревет и надвор од него.Уживаат во истражување и испробување нови нешта, особено ако го прават тоа како тим. Додека некои други комбинации може да се заситат од своите партнери или рутината да им уништи врската, Водолијата и Овенот секогаш ќе се одржуваат својата врска силна и интересна.
Бик и Рак
Припадниците на овие знаци целосносе разбираат. Кога ќе се најдат во романтична врска, многу брзо емоционално и физички се поврзуваат. И едниот и другиот знак знае да го цени својот партнер, па ќе ја изградат сврската со леснотија и уживање. Бикот е неверојатно истраен, што на Ракот му овозможува конечно да го спушти својот гард и да се препушти на уживање.
Близнаци и Водолија
Кога ќе се најдат во близина, овие два знака делуваат како да се познаваат со години.Креативноста и ’лудите’ идеи се одлика и на Водолијата и на Близнаците и во врската никогаш нема да им биде досадно.Ниту еден од овие два знака не се грижи премногу за мислењата на другите, ама уживаат во големо друштво.Затоа, максимално ќе уживаат и ќе ја искористат секоја секунда помината со партнерот, но исто така и во излегувањата на големи забави.Овие два знака имаат многу силна врска, без разлика дали тоа е љубов, пријателство или бизнис.
Рак и Риби
Меѓу нив владее космичка поврзаност.Овие водени знаци се многу емотивни и се грижат за своите блиски.Ќе направатсè за својот партнер и инстинктивно се разбираат меѓусебно. Оваа поврзаност е многу тешко да се раздвои, речиси е невозможно.
Лав и Стрелец
Кај овие два огнени знаци нивото на страст е толку големо, што не би билочудно со денови да не се мрднат надвор од кревет (и од другите простории во станот). Но, освен во нивната љубов, таа страст може да се види и во исполнување на животни цели.Многу се харизматични и зрачатсо чудесна енергија. Поради тоа сите сакаат да бидат во нивно друштво.
Вага и Бик
Главната доблест кај овие два знаци е искреноста па меѓу нив никогаш нема да има измама или лага. Исклучително се пожртвувани и посветени на партнерот, што им помага да ги запознаат и најситните детали на својата подобра половина. И со Бикот и со Вагата управува Венера, па двата знаци сочинуваат убавина и хармонија.
Девица и Близнаци
Кај овие два знака интелигенцијата игра клучна улога во заведувањето.Исто така, поседуваат огромна доза на почитување кон партнерот, што ги прави идеален спој.Уживаат во тивка околина, дружење со пријатели, нови знаења и сензуални допири.И двата се ориентирани кон домот, па нивниот стан ќе биде како од бајка.
Шкорпија и Рак
Ракот тешко излегува од својот оклоп, но Шкорпијата може да го скрши.Заемно се хранат со љубовта и страста на својот партнер. Шкорпијатаима репутација како најстраствен знак возодијакот,аРакот како најемотивен.Тоа е причината што се совршена комбинација.Кога станува збор за сексот, овие два знака се родени да бидат заедно.
Стрелец и Овен
Ентузијазам и голема количина енергија владе со оваа комбинација.Иако постои верување дека спротивностите се привлекуваат, овие два знака се, речиси, идентични и сочинуваат еден од најдобрите споеви во хороскопот.Многу се силни и ништо не може да го спречи во она што ќе наумат.
Јарец и Бик
Има причина поради која овие два знака владее неопислива привлечност.И Јарецот и Бикот имаат нешто за што другите знаци само сонуваат: бескрајна љубов. Љубовта создадена кај оваа комбинација може да трае вечно.Исто така, и двата знаци сакаат луксуз и сигурност, па нивнатаврска со времето само ќе зајакнува.
Риби и Шкорпија
Припадниците на овие знаци не се плашат да ја покажатсвојата романтична страна. Врската помеѓу Рибата и Шкорпијатасе темели на длабока поврзаност и пријателство пред сè. Љубовта ќе се роди несвесно, но може да трае до крајот на животот.
Девица и Риби
Девицата и Рибите претставуваат љубовен спој во зодијакот којшто најдобро покажува како спротивностите во љубовта силно се привлекуваат. Рибата во Девицата може да најде сигурно засолниште и цврста потпора која во животот често ὺ е потребна. Од друга страна пак, Девицата во партнерот со хороскопски знак Риба ќе пронајде некој кој ќе и даде волшебна и бајковита љубов од соништата и кој малку ќе ја оттргне од суровата реалност.