Живееме во општество во кое жените имаат многу несигурности во врска со сексот. Како изгледаат, дали им се познава целулитот, дали го возбудуваат мажот, дали се здодевни, како мажот ќе ги гледа по сексот и слично.
За мажите се има мислење дека се доминантни, знаат што сакаат и очекуваат од партнерката и дека знаат како да ја задоволат. Но, и мажите имаат свои несигурности и тие се оптоварени со очекувањата дека мораат да бидат искусни и дека мора секогаш да знаат што прават.
Ова се работите кои најчесто им се вртат во глава додека имаат секс:
1. Дали и е грижа за моите влакна? Можеби ги имам на места каде што не сака да ги имам, а ги немам таму каде што би сакала да ги имам.
2. Што мисли за мојот пенис? Дали мисли дека е мал, преголем, тенок, смешен?
3. Забележува ли колку сперма излегува од мене? Дали би сакала повеќе или помалку?
4. Како изгледам кога доживувам оргазам? Дали правам чудни гримаси? Како звучам кога го достигнувам врвот?
5. Дали и пречи што толку се потам?
6. Дали ќе се навреди ако и зборувам перверзни работи? Дали ќе ја олади или возбуди?
7. Дали глуми дека доживува оргаам? Што ако сум лош во кревет и жените секогаш глумат дека свршуваат?
8. Се надевам дека нема да ме фати грч. Ако ме фати, се надевам дека нема да забележи.
9. Дали таа ужива во позите во кои најчесто имаме секс? Дали треба да ја прашам кои пози највеќе ги сака?
10. Дали имам непријатен здив?
11. Дали сексот трае предолго или прекратко? Што ако и е напорно?
12. Дали и пречи тоа што не сум набилдан? Дали мисли дека сум чудно граден?
13. Дали таа би сакала сосема да сум издепилиран?
14. Се прашувам за што размислува за време на сексот. Ужива или едвај чека да заврши?