Во животот постојат врски кои едноставно не функционираат. Можеби на почетокот изгледале бајковито, а потоа се претвориле во љубовно фијаско, а можеби и почнале проблематично и завршиле сосема рамнодушно. Која и да е вашата приказна, ако чувствувате дека врската веќе не ве прави среќни, сосема логично е да е ја прекинете.
Во прилог следат 22 јасни знаци кои укажуваат на тоа дека е време за крај. Ако имате повеќе од 10 навистина треба да размислите во која насока ќе го насочите својот живот во иднина.
- Се чувствувате физички несигурно
- Ви се случило нешто неверојатно добро, но партнерот не е првата личност на која сакате да и го кажете тоа
- Размислувате да му се јавите на бившиот
- Поверувате колку сте им привлечни на другите
- Преку глава ви е од постојаната вознемиреност и лутењето
- Постојано сте болни и стресот ви го уништува денот
- Им раскажувате на пријателите дека не сте среќни
- Сфаќате дека се сакате себе си
- Повеќе не ја барате грешката само во партнерот, туку и во себе
- Повторно ги забележувате привлечните луѓе околу себе
- Сфаќате дека само вие се обидувате да ја одржите врската во живот
- Сте го фатиле во лага или во прељуба, но тоа воопшто не ве допира
- Не можете да се потпрете на него за нешто важно
- Постојано се расправате за едни исти работи
- Ако се заљуби во друга ќе ви направи услуга
- Имате чувство дека го сакате од навика
- Повеќе не сте толерантни на неговите глупости
- Не ви е до секс
- Веќе не ја мерите врската по времето кое што сте го поминале во неа
- Сфаќате дека одамна не сте се насмеале од срце
- Имате впечаток дека сте во сапунска серија што никогаш не завршува
- Веќе не мислите на тоа: Што ако не запознам некого? Само сакате да бидете ослободени од врската.