Без разлика колку години имате, Камерон Дијаз ќе најде совет и за вас. Холивудската актерка од неодамна се промовира и како животен гуру, кој дава совети за здрав и среќен живот, па дури и напиша две книги насочени кон женската публика.
Овој месец 43-годишната ѕвезда изјави за списанието Women’s Health што е највредното за неа.
“Најважните работи во мојот живот се моите односи со роднините и пријателите и благосостојбата како човечко суштество и на ментален, емоционален, и на физички план.”
Камерон, која е ко-автор на книгата за долговечност “Longevity Book”, сподели некои од најголемите животни лекции со дамите од сите возрасти.
За 20-те години: “коскената маса е навистина многу важна во 20-тите, бидејќи потоа ние не можеме веќе да градиме коски. Значи дваесетти години се најдобра шанса да ги изградите коските преку правилна исхрана и физичка активност. ”
За 30-те: “По 35 години ембрионите на повеќето жени почнуваат да се исцрпуваат. Нема како да го дознаете овој факт, ако не си направите тест. Ако е важно за вас – проверете го својот фертилитет уште додека сте на почетокот на 30-тите. ”
За 40-те години: “Направете контакти, спријателувајте се со нови луѓе, придружете се на нови заедници и навистина негувајте се себе. Вие сте на прагот на транзиција кон менопауза, па мора да се обрне внимание на тоа како се чувствувате емотивно, физички и психички. ”
За бракот со Бенџи Маден: “Доцна се решив на брак. Мојот сопруг и јас сакаме да правиме толку многу работи заедно, но во исто време ние сме посебни индивидуи кои си имаат свој живот. ”