5 едноставни начини да го намалите обемот на колковите

popara8 април, 20161min00
1
Многу жени мака мачат со симнувањето на масните наслаги од критичните точки – стомакот, задникот и колковите.

Ако мислите дека едноставно не е можно да се намали обемот на колковите, се лажете! Можете да ослабите во пределот на колковите и да ги затегнете доколку се посветите на оваа задача.

Доколку направите некои промени во исхраната, односно почнете да внесувате повеќе протеини, а помалку шеќери, и имате редовни физички активности, масните наслаги од критичните делови гарантирано ќе исчезнат. Придржувајте се на следниве упатства и за кратко време ќе забележите дека фармерките на чудесен начин ви се прошириле.

ЈАДЕТЕ ПОВЕЌЕ ПРОТЕИНИ

Протеините како јајцата, рибата и белото месо се вистински избор доколку сакате да имате затегнати мускули и убава кожа. На телото му е потребно повеќе енергија за да ги преработи протеините и според тоа, ќе согорува повеќе калории и ќе ги топи масните наслаги.

ПРАВЕТЕ ЧУЧЊЕВИ

Здравиот живот подразбира редовна физичка активност, но за затегнати и тенки колкови ќе треба редовно, односно секојдневно да вежбате. Најдобрата вежба за постигнување резултати кај овој дел од телото се чучњевите. Доброто во врска со нив е што можете да ги правите секогаш, во секоја прилика во секој дел од денот. Почнете со 10 чучњеви и секој нареден ден зголемувајте за нови пет до десет.

КОРИСТЕТЕ КРЕМИ ПРОТИВ ЦЕЛУЛИТ

Кремите односно препаратите против целулит ќе ви помогнат да ја измазните кожата на овој дел од телото. Ако не сакате да трошите пари на креми за целулит има низа рецепти кои можете да си ги подготвите сами, во домашни услови, и кои со редовно нанесување и масирање на кожата ќе дадат резултати во форма на потенки нозе и колкови.

ИСФРЛЕТЕ ГО ШЕЌЕРОТ

Ако сакате да го намалите обемот на колковите морате да се одречете од индустриските производи, колачињата и намирниците од бело брашно со висок гликемиски индекс, кои го зголемуваат нивото на шеќер во крвта.  Што помалку јадете шеќер, тоа помалку ќе ви треба. Доколку пак навистина сакате нешто благо пробајте да се задоволите со овошје, морков или цвекло или пак темно чоколадо со висок процент на какао.

ОПУШТЕТЕ СЕ

Постојаната преокупација со калориите и постојаното мерење на вагата можат само да ви предизвикат нервози и сресови. А телото под стрес излачува кортизол, кој предизвикува таложење на масти токму во деловите на телото од кои се обидуваме да ги отстраниме. Наместо тоа, обидете се да се храните здраво и да живеете здраво, вклучувајќи и умерена физичка активност… Во таков случај, не можете а да не ги постигнете саканите резултати!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag