5 лесни промени што ќе направат да сакате да вежбате

popara20 октомври, 20161min00
9

Олимписката скијачка Линѕи Вон ги споделува нејзините тајни за создавање на навика за вежбање во која ќе уживате.

Во текот на зимските месеци, кога се тркам, се будам во 5:30 наутро за да можам да вежбам пред да скијам. Секој што ме знае добро знае дека ова е труд од љубов бидејќи уживам во спиењето – и најчесто, кога и да сум во Европа, надвор е студено, темно и прилично сурово во 5:30 наутро. Но, имам научено дека будењето рано е мала цена што ја плаќам за да ги правам работите што морам да ги правам редовно за да го подобрам телото.

Работата е во тоа што, доколку сакате да ги промените вашето тело и здравје, веројатно е дека ќе морате да направите некои мали промени и во вашата дневна рутина. Овие промени, иако мали, сепак се предизвик – на крај, дел е од човечката природа да преферираме конзистентност и сé што ни го пореметува нашето чувство за рутина и што е нормално е веројатно дека ќе не направи некомотни на почетокот.

Добрите вести се дека еднаш кога ќе направите мала промена во вашата рутина, можеби ќе почнете да уживате во неа и да ја претпочитате. А кога ќе почнете да гледате резултати од вашата нова рутина како што ќе ви станува телото посилно и поздраво, ви ветувам дека нема да сакате да им се навратите на старите навики.

Па, како поточно треба да ја промените вашата дневна рутина за вежбањето да ви стане нормален дел од животот во кој ќе уживате? Еве пет начини кои ги најдов да ви помогнат да се навлечете на навика за вежбање.

  1. Престанете да го користите изговорот што ве спречува да станете посилни и поздрави.

Мислите дека немате време да вежбате на неделна база – или воопшто да вежбате? Првиот чекор да го направите вежбањето дел од вашиот живот е да прекинете да се залажувате самите себе со овој слаб изговор. Затоа што ако помнувате одредено време гледајќи телевизија, на социјалните мрежи или во сурфање на интернет како што прават повеќето луѓе со часови секој ден, тогаш погодете што? Вие имате време да вежбате.

Плус, секогаш можете да го правите тоа што јас го правам: гледајте ги вашите омилени содржини додека вежбате на статичниот точак.

  1. Најдете време да вежбате и повторувајте го тоа.

Без разлика кога вежбате, внесувањето на постојани термини за вежбање во вашиот неделен календар ги зголемува шансите дека ќе вежбате отколку да изберете да се будите секој ден и да се запрашувате дали и кога треба да одите во вежбалната. Планирањето на време за вежбање во вашиот распоред помага тоа да стане дел од вашата рутина како дневното туширање или состаноците на работа.

  1. Размислувајте практично

Доколку си кажете самите на себе дека ќе вежбате по еден час секој ден, а со месеци не сте вежбале повеќе од десет минути вкупно, најверојатно си поставувате цел која нема да можете да ја исполните. Наместо тоа, поставете си поизводлив предизвик како пешачење надвор дваесет до триесет минути секој втор ден. Постигнувањето на реалистична цел и чувството на достигнување кога ќе го направите тоа ќе ви помогне повеќе да го трансформирате вашето тело отколку да си поставите непрактична и потешка цел која е веројатно дека нема да ја достигнете.

  1. Не е толку тешко – или барем не мора да биде

Додека тренинзите со висок интензитет имаат многу придобивки, тие исто така имаат и една значајна лоша страна – тие ја исцрпуваат вашата волја. Волјата е како мускул: користете ја премногу често и ќе ја изморите. Ако постојано се присилувате себеси да вежбате интензивно неколку пати неделно, тоа може да ве спречи да присвоите други здрави навики како правлно јадење. Всушност, истражувањата покажуваат дека луѓето кои вежбаат интензивно често донесуваат полоши одлуки во врска со исхраната отколку тие што не тренираат толку интензивно затоа што ја исцрпуваат волјата да се хранат здраво.

  1. Останете присутни

Кога тренирам, пробувам да ја одржам истата умствена состојба и фокус пред одредената задача и вистински да уживам во тоа што го правам во моментот. Доколку почнам да се грижам за тоа колку време ми преостанува за вежбање, тогаш го дуплирам вниманието што го посветувам на филмот што го гледам или музката што ја слушам на моите слушалици.

Но, ако имам два часа скијање пред себе и по петнаесет минути веќе мислам на тоа колку време ми преостанува, тогаш прекинувам. Ова може да е шокирачки за некои други спортисти и тренери, но јас знам дека нема да го добијам сé тоа што го сакам од моето вежбање ако толку многу не сакам да го правам тоа во моментот. Па така, ќе го преместам вежбањето за неколку часа и ќе пробам повторно да го направам тоа подоцна во денот, кога ќе бидам во друга умствена состојба.

Останувањето во моментот исто така може да ви помогне да ја издржите физичката тежина што произлегува од вежбањето, посебно доколку не сте вежбале долго време. Кажете си сами на себе дека морате да вежбате уште една минута, а по истекот на таа минута, кажете си да издржите уште една минута. Наскоро, ќе увидите дека пешачите дваесет минути без воопшто да забележите.

Линѕи Вон се трка во алпско скијање и е добитник на златен Олимписки медал. Таа е најуспешната жена скијач во историјата и е добитник на четири титули од светските купови. Моментално, таа тренира за Зимските олимписки игри во 2018.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag