Слабиот струк отсекогаш бил симбол за женската убавина. Но, не грижете се ако имате неколку сантиметри во обем – секогаш постојат вежби кои со малку напор ќе ве доведат до совршенство.
Целиот тренинг ќе ви одземе 15 минути во денот, а има моќ да ви намали неколку сантиметри за 30 дена.
Потребна ви е мотивација и упорност.
Прва вежба
Легнете на под со рацете допрени до телото. Исправете ги нозете и стегнете ги, па кренете ги накај главата, додека задникот треба исто така да ви биде поткренат.
Свртете ги на десната страна колку повеќе можете. Вратете ги во првобитната положба, па потоа свртете ги на левата страна колку повеќе можете.
Правете 3 сетови, а тајната е што во секоја страна треба да ги задржите нозете по 2 секунди пред да ги вратите во првичната положба.
Втора вежба
Седнете со исправени нозе под агол од 45 степени.
Рацете испружете ги во линија со рамениците, па вртете ги за 90 степени, додека не дојдат во линија со нозете. Навалете ја главата колку можете, па вратете се во првобитната положба.
Повторете 30 пати на секоја страна.
Трета вежба
Седнете на земја, подигнете ги колениците, а телото поставете го дијагонално во однос на подот.
Земете еден тег и држете го со исправени раце. Ротирајте го телото колку повеќе можете.
Повторете 30 пати на секоја страна.
Четврта вежба
Седнете на страна со благо подвиткани нозе. Држејќи се на левата дланка, подигнете го колкот додека не ги исправите нозете. Десната рака нека биде подигната над главата.
Бавно вратете се во првичната положба.
Повторете 15 пати на секоја страна.
Петта вежба
Легнете на стомак со исправени раце и нозе. Наизменично кревајте ја левата рака со десната нога, па десната рака со левата нога колку повисоко можете.
Направете 10 повторувања на секоја страна.