Дејвид Хаселхоф и Хајли Робертс уживаат во својата љубов и во убавините на Карибите. 63-годишниот актер и неговата 36-годишна вереница беа фотографирани додека се релаксираа на романтичниот одмор.
Идната сопруга на ѕвездата од серијата „Чувари на плажата“ на фотографиите носи тиркизни бикини од Victoria’s Secret.
Робертс неодамна изјавила дека била сосем изненадена од понудата за брак која ја добила од познатиот актер. „Навистина не знаев дека ќе го направи тоа. Прво си мислев дека се шегува. Тој ме имаше прашано и претходно, но никогаш не го мислеше тоа навистина. Тогаш, тој го изваде прстенот. Плачев толку многу што десетина минути тој немаше можност да ми го постави прашањето: Ќе се омажиш ли за мене?“ – изјавила неодамна Хајли.
Ова ќе биде трет брак за Хаселхоф. Тој претходно беше оженет со актерките Кетрин Хикленд и Памела Бах.