Покрај водите на Јадранското и Јонското Море, се кријат најубавите плажи на брегот кој ѝ припаѓа на Албанија.
Иако е релативно нова летна дестинација, веќе има плажи на кои сите сонуваме еден ден да се најдеме.
Ова се 8 кои вреди да ги видите ако сте сместени во нивна околина:
1. Ksamil и околните островчиња
Тиркизна вода и песочни плажи кои слободно може да бидат конкуренција на егзотичните плажи, а секое патување до околните острови е шанса да откриете некоја дива плажа.
2. Himara
Ќе се зачудите од грчкиот шмек кој го имаат плажите во близина на Himara, но и ќе се воодушевите од кристално чистата вода.
3. Dhërmi
Најпопуларната плажа, без конкуренција, на која ќе најдете мешавина од ситен песок, до крупни карпи. Водата е чиста, со прекрасна сина боја, а веднаш покрај плажите има голем број ресторани и места за ручек и релаксација.
4. Jalë
Уште една плажа која во сезоната е туристичка атракција заради забавата која се нуди тука.
5. Borsh
Оваа плажа е спротивна на претходната. Место кое треба да го посетите ако сакате да уживате во природата и во релаксирачките звуци на морето, без гужва и галама.
6. Pasqyrat
Плажа која важи за скриеното богатство на Албанија. Добро, можеби не толку скриено, посебно во август, но е добро место за релаксација и поглед на чистата вода. Малку е подалеку од хотелите, но затоа е исклучиво чиста.
7. Golem
Најфреквентната плажа која е доволно широка и долга за да собере илјадници туристи. Покрај неа, како што е редот, има многубројни локали за оброк и пијалаци.
8. Orikum
Позната уште како плажа на јахтите, туристите кои еднаш ќе ја посетат, потоа се враќаат секоја година. Нуди ситен песок, тиркизна вода и локали со вкусна, традиционална храна.