Многумина веруваат дека очите се огледало на душата, па не е ни чудо што секоја жена се труди да ги направи поголеми, посјајни и попривлечни.
За таа цел не ви се потребни часови поминати пред огледало, туку само овие 8 тајни во шминкањето кои од денес треба да ви станат рутина:
1. Акцентирајте ги веѓите со тоа што ќе ги исчеткате, пополните со моливче и ќе нанесете светла сенка под нив.
2. Користете хајлајтер на надворешниот агол од очите.
3. Цртајте драматични, црни мачкини очи.
4. Зачадените очи се уште еден одличен избор кој ќе ви ги истакне очите, посебно ако имате светли очи.
5. Не заборавајте да нанесете бело моливче на долниот раб од окото ако сакате очите да ви изгледаат пошироко отворени или пак на внатрешниот агол, ако сакате погледот да ви добие длабочина.
6. Задолжително виткајте ги трепките.
7. Издолжете ги трепките така што маскарата ќе ја поставите на коренот, ќе направите хоризонтални движења, ќе погледнете нагоре и полека ќе повлечете. Повторете ја постапката неколкупати.
8. Нанесете кармин во неутрални бои.