
Адел е добро позната по нејзиниот стил на шминкање преку кој ги нагласува своите очи со туш, но реши овојпат да покаже како изгледа природна, целосно без шминка и нејзините фанови се воодушевени.
28-годишната пејачка на својот Инстаграм профил објави неколку фотки и видео во кое најавува дека ќе мора да го откаже концертот во Феникс, Аризона, заради болест.
Оние кои се надевале дека ќе го слушнат нејзиниот глас можеби се разочарале, но целиот свет е пријатно изненаден од нејзиниот целосно природен изглед заради кои следеа многу позитивни коментари.
