Адријана Лима мами воздишки на улиците на Рио де Жанеиро.
35-годишната Бразилка беше фотографирана додека снимаше емисија со новинарката Џил Мартин. Лима шармираше во кратко црвено фустанче со разголено деколте, кремови ниски сандали и минимална шминка на лицето.
Лима позираше и со новото издание на „Вог“ Бразил, на чија насловна страница се наоѓа токму таа. На фотографијата, Адријана ја прегрнува својата мајка.
Адријана Лима и Алесандра Амбросио пристигнаа во својата татковина непосредно пред Олимписките Игри во Рио како репортери за храна и култура. Убавите ветеранки на Victoria’s Secret се придружувани од Рајан Сикрест.