Ако сè уште сте во дилема дали тој е вистинскиот, обрнете внимание на следните факти

popara1 мај, 20161min00
15

Ве фали пред сите

Без разлика дали се работи за унапредување на работа или се во прашање само освоени карти за концерт, тој секогаш наоѓа причина да се пофали со вашите достигнувања. По вашата мајка, тој едноставно е вашиот најголем обожавател.

Се жртвува за вас

Тој е подготвен за вас да оди на другиот крај на светот, но во целата приказна не е сам – и вие би го направиле истото за него.

Имате исти приоритети во животот

Знаете како ја замислува иднината и го делите истото мислење. Ве разбира кога сакате да бидете сами, но не му е непознат ни поимот за поминување на квалитетно заедничко време. Ако вашите животни филозоцжфии се поклопуваат, дебатата е завршена.

Не сака да ве смени

Дури и по години поминати заедно сè уште ве сака со сите ваши маани и доблести. Знае дека сте неуредни и дека не сте многу вешти во кујна, но нему тоа воопшто не му смета.

Се весели на идејата дека може да го поминете целиот живот заедно

Навистина, венчавките знаат да бидат многу забавни, но во целиот тој концепт, него најмногу го развеселува идејата дека бракот подразбира заеднички живот.

Преживеавте врска на далечина

За време на вашето љубовно искуство, сте имале можност да доживеете врска на далечина. Било тешко, но страста за заеднички моменти била поголема. Знаевте дека тоа е само периодично.

Сè е поубаво кога тој е присутен

Иако никогаш не сте биле тип на личност кој има цимери и повеќе од сè ја сакате вашата приватност, станот без него е некако празен.

Немате проблем со планирање на иднината

Кога е тој во прашање, не се плашите дека нешто може да тргне наопаку. Дури и кога станува збор за месеци, па и години, знаете дека тој е ваша постојана поддршка и дека ништо не може да ја поремети вашата врска.

Можете да плачете пред него

Тој знае како да го прочита изразот на вашето лице дека сте загрижени, и пред него може да заплачете, бидејќи знаете дека се наоѓате во ‘сигурна зона’ и дека разбирањето е единствена реакција на која ќе наидете.

Тој се грижи за вашето семејство и пријатели

Тој е редовен гостин на семејните собири, а вашата мајка секогаш за него го подготвува неговиот омилен колач. Ги сака вашите пријатели и покажува интерес за нивните животи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag