Ален Хасановиќ ја промовираше новата песна “Продала си љубав”

popara22 јануари, 20161min00
Ален Хасановиќ ја промовираше новата песна “Продала си љубав”

Македонскиот ексклузивец во продукцијата на Гранд, Ален Хасановиќ, го промовираше својот нов видео запис за песната “Prodala si ljubav”. Се работи за балада и воедно негова втора песна снимена за Гранд.

Видео записот го изработи „Зати продукција“ од Охрид, а во него се појавува и нашиот модел Адријана Алексиеска. Ален и Адријана во спотот делат романтична љубовна приказна, која се доловува преку кадрите снимени во Охрид.

Песната „Продала си љубав“ е планирано да добие и своја македонска верзија. Песната ќе биде промовирана и низ Грандовите емисии. Во продолжение погледнете го спотот: