Амбер Херд реши да не го тужи Џони Деп, причината ги изненади сите

popara8 јуни, 20161min00

По редица јавни обвинувања, наскоро поранешната сопруга на Џони Деп одлучила да не го тужи за напад и семејно насилство, тврди ТМЗ.

Според пишувањата на американските медиуми, Амбер Херд на денот на наводниот напад ја повикала полицијата во домот што го делела со Деп, но полицијата тогаш го напуштила местото на настанот без било каква пријава или причина за дејствување.

Иако дополнително објави фотографии со лице во модринки, Амбер тогаш на полицијата не и пријавила дека сопругот ја удрил со мобилен телефон, а ако му се верува на ТМЗ, тоа нема да го направи ниту во иднина, иако цело време најавуваше.

Причина за откажувањето, како што пренесува Mirror, е љубовта.

Амбер наводно „сѐ уште го сака“ сопругот и „не сака да ја погреба неговата кариера“ и по сѐ сепак одлучила да се разведе од Деп без било какви тужби. Но, нејзините причини ја изненадија јавноста, откако со денови низ таблоидите се провлекуваа гласини дека Херд сака само да дојде до парите на Деп.

Што се крие зад ваквиот пресврт, најверојатно нема да се дознае.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag