
Еве ја тајната за совршено тело на американскиот модел и актерка Шарлот Мекинеј за која да се биде во форма не преставува никаков напор, туку хоби.

„Навистина сум заинтересирана да пронаоѓам нови совети за да останам во форма, а покрај тоа, сакам да бидам во теретана и да вежбам јога“, изјави таа за магазинот people,

За да остане во форма, оваа 21-годишна убавица, која пред неколку дена го напушти натпреварот во емисијата Dancing with the stars, изјави дека мора да ја балансира својата исхрана, но и дека понекогаш се чести со не толку здрави оброци.
„Навистина многу вежбам и на диета сум преку цела недела. Но, во недела, знаете, кога сте мамурни на пример, морате малку да се наградите тука и таму.. барем така јас правам, вели преубавата русокоса девојка.
Таа со магазинот People го сподели својот план за исхрана до кој се придржува секој ден, притоа откривајќи еден од советите со кој го започнува секое утро, а тоа е чаша топла вода со лимон.

Појадок
Црно кафе, органски сок направен од лимета, нане, јаболко, краставици, коморача, ѓумбир и оцет од јаболко

Ручек
Шкампи на жар и аругула салата направена од авокадо, пченка, киноа и било кој зеленчук, а за прелив користам лимон и маслиново масло.

Ужина
Грицки – Ларабар вегетаријанска чоколадна табла и ладен зелен чај без шеќер

Вечера
Лосос на скара со лимон и аспарагус

Десерт
Топол чај, боровинки посипани со полузасладени чоколадни трошки
Вкупно калории 1.462
„Топлата вода со лимон е најдобриот начин да го започнете денот, состојките на лимонот можат да го забрзаат работењето на вашиот дигестивен тракт. Покрај тоа, можете да ја подобрите кожата и да го подобрите вашиот имун систем“, вели нутрицинонистот Кери Гласман.
„Што се однесува до ручекот на Мекинеј, ми се допаѓа тоа што нејзиниот ручек се состои навистина од реална храна и што порциите се со совршени пропорции. Добра и е и вечерата со многу посни протеини и зеленчук“, продолжува Глосман.

„Единствено би сакал во својата ужина да додаде малку протеини за да има повеќе енергија, а и вечера со малку гуакамол нема да и шкоди“, заклучува нутриционистот, напоменувајќи дека дневната доза за жени треба да биде 1200, додека за мажи 1800 калории најмалку.