Американски политиколог открива: Кој и зошто ја уништи Југославија?

popara28 февруари, 20161min00
2

Американскиот политиколог Фил Батлер напиша колумна во која тврди дека разорувањето и распадот на Југославија биле дел од поширокиот план на НАТО сојузот. Намерата била геополитички да се ослабнат противниците на западниот блок во регионите на Третиот свет и да се проголтаат здравите економии на народите од овие земји.

Според него Југославија е прототип за она што денес се случува во Сирија, Украина, Ирак…

Никому не му треба тинк тенк за да открие зошто претседателот Бил Клинтон се двоумеше да посредува во Босна. Клинтон всушност ја продолжуваше политиката на неговиот претходник Џорџ Буш Постариот, која имаше за цел да го дестабилизра југословнескиот социјалистички успех. Сега знаеме дека кај нас тајно обучените бунтовници одиграа клучна улога во фрагментирањето на регионот преку организацијата позната како атланска бригада, која се бореше во војната во Косово на страна на ОВК, а броеше околу 400 вооружени борци, како што пишува „Christian Science Monitor“.

Интегралниот текст од неговата анализа ја пренесе и италијански „Глобалист“.

Можете ли да ја замислите Европа денес со Југославија како клучен играч меѓу народите? Јас можам. Всушност, Југославија беше еден од најголемите културни и општествени експерименти во историјата. Основана на подрачјето на конфликтот помеѓу некогашна Австро-Унгарија и Отоманското Царство, Југославија ги обединуваше двете култури на начин кој не е виден од времето на Александар Македонски, кој по големите освојувања ги асимилираше народите. Експериментот, ако може така да се нарече, траеше нешто повеќе од половина век. Во една држава живееја сите јужнословенски народи. Создавањето на Југославија делумно беше и геостратешки потег на Британија и Франција за да успори или блокира Германија, пишува Батлер.

Според неговите зборови, одредбите на т.н. „Крфска декларација“ ги удриле темелите на уставната монархија која во ништо не се разликувала од англиската.

Правата и правото на глас, почитувањето на темелните принципи на илирското движење беа ветувачки аспекти на раната југославија. Но тогаш кралот александар го укина уставоти и изборите, но заедничкиот живот на етничките и културни заедници и понатаму даваше надеж за иднината. Војната, политичките сплетки, внатрешните и надворешните притисоци во тоа време тешко ја оптоваруваа оваа нова светска сила во настанување. Како што тоа беше случај во многу такви експерименти, на крајот авторитарната власт, стана нужна, можеби и пожелна, тврди Батлер.

Тој вели дека националниот херој Јосип Броз Тито станал тој „диктатор“ но стекнал светска слава и цврсто ги држел нештата под контрола, а Југославија играла голема улога на светската сцена.

Меѓутоа кога неговата моќ ослабна, спротивните сили најдоа своја поткрепа. Нема научник или политичар што не говори за тоа денеска, но улогата на Тито во основањето на Движењето на неврзаните е голема и исклучително значајна, посебно за луѓето што сега живеат во Хрватска, Србија, Црна Гора и останатите поранешни југословенски земји. Иделаите на Движењето на неврзаните и неговите темели се удрени во Белград во 1961 – та година. Во создавањето на движењето учествуваа Тито, индискиот премиер Џавахарал Нехру, претседателот на Индонезија Сикарно, египетскиот претседател Гамал Абдел Насер и претседателот на Гана, Кваме Нкрумах. Во најкратки црти идејата за Движењето на неврзаните го објаснува лидерот на Куба, фидел Кастро во говорот во Хавана во 1979-тата година:

-Движењето на неврзаните постои за да се зачува националната независност, суверенитет, територијалниот интегритет и сигурност на неврзаните земји и нивната борба против империјализмот, колонијализмот, неоколонијализмот, расизмот и сите облици на странска агресија, окупација, доминација, мешање или хегемонија, како и против силите и блоковската политика, рече тогаш Кастро.

Значи во суштина, Движењето на неврзаните тежеше кон самостоен развој на народот помеѓу големите сили со идејата што ја негира Студената војна. Секако, големите сили што се занимаваа со идеолошки војни имаа свои стратегии, што вклучувале апсорпција на секоја од тие сиромашни и независни земји, вели американскиот експерт.

Како што гледаме денес, вели Батлер, стратегијата беше да се предизвикаат битки што водат кон фрагментирање, побелба и создавање на немоќни земји и народи во целиот свет.

Распадот на Југославија е најдобриот пример, каде денес ниту една земја не покажува наклонетост кон Движењето за неврзаните. Наместо тоа ЕУ и НАТО беа гравитационата сила што ги привлече Хрватска, Словенија и останатите. Ги гледаме остатките од стратегијата на Студената војна и во фактот што Белорусија и Азербејџан се единствените две преостанати членки на движењето во Европа, а Фиџи како најнов член се приклучи во 2011-тата. Но, во 2012-тата на самитот на Движењето за неврзаните имаше поголема посетеност од било која претходна година, што можеби беше и знак на криза во Западот. Со декларираната цел „борба за мир во светот“ и нивните темелни догми, движењето е сепак, барем теоретски вредна посредничка рамка. Но, допуштете му да се вратам на случајот со Југославија и каква би можела да биде да постоеше денес, вели Батлер.

Според неговите зборови гледајќи од дистанца на распадот на Југославија, забележително е дека се работи за врамување на геостратегијата на Вашингтон што се спроведувала секаде, па и со тешки методи. Акциите на администрацијата на Клинтон во тоа време биле тајна за јавноста исто како што се и денеска.

Никому не му треба тинк тенк за да открие зошто претседателот Бил Клинтон се двоумеше да посредува во Босна. Клинтон всушност ја продолжуваше политиката на неговиот претходник Џорџ Буш Постариот, која имаше за цел да го дестабилизра југословнескиот социјалистички успех. Сега знаеме дека кај нас тајно обучените бунтовници одиграа клучна улога во фрагментирањето на регионот преку организацијата позната како атланска бригада, која се бореше во војната во Косово на страна на ОВК, а броеше околу 400 вооружени борци, како што пишува „Christian Science Monitor“.

Тој напоменува дека приказната што ја пронашол е приказна за Французин што ја тренирал Атланската бригада, што во голема мера потсетува на Украина, Либија и Сирија.

Видете ги „обрасците“ што не водат до вистината и повеќе од доволно. Страшните боишта на легитимната држава Југославија служеа за вложување во поделбата на преостанатите делови од земјата, со помош на американските претседатели, британските господари и германските индустријалци. Атланската бригада дејствуваше во разни посреднички војни на Балканот, а важните припадници беа смртоносните убијци од странство. Американските функционери во врвот добро ги познаваа и управуваа со нив ги влечеа конците на Косови и на целиот Балкан. Југославија стана прототтип, пример за дејствување во Авганистан и Ирак, за Арапската пролет. Имињата на Медлин Олбрајт, Хавиер Солана, генералот Весли Кларк и останатите и понатаму се споменуваат. Во поранешна Југославија пријателите на клучните играчи во владата дословно планирале да ги претворат народите и земјите во кредитори и инвестициски „елдорадо“ вели Батлер.

Приказната за тој геноцид во име на демократијата е премногу страшна вели тој.

Поголемиот дел од народите на овие простори се вратени 200 години наназад во некој вид средновековно постоење без надеж. Единствената трошка надеж за поголемиот дел поранешни Југословени сосема природно се ЕУ и НАТО. Додека ова го пишувам, американските, британските и германските планери веќе ја уредуваат Сирија. Познатата Ранд Корпорација изработува план за поделба на суверената држава. За оние што не се свесни Ранд Корпорацијата е Големиот брат на сите хегемониски тинк тенкови, вели Батлер и го поставува клучното прашање: Кој и зошто ја уништи Југославија?

Сигурно имаше злосторства и геноцид и од двете страни во конфликтите, од Косово до останатите војни на Балканот. Но, тоа не е поентата поради што се фокусирав на оваа катастрофа. Пред се, ниту еден народ на поранешна Југославија денес нема право на глас. Второ, поделбата помеѓу тие народи доведе до смрт и преселби на милиони луѓе. Но мојата „фантазија“ за Југославија би можела да биде изненадување. Дозволете ми да заклучам. Југославија е изградена врз идејата дека во неа Јужните Словени нема да останат слаби и поделени народи. Обединети во Југославија тие немаше да бидат лесен плен за имепријалните намери, како што гледаме дека се случува денеска, вели Батлер.

Тој вели дека по Втората светска војна, социјалистичка Југославија станала еден вид на европска приказна за успех.

Помеѓу 1960 и 1980 година, земјата имаше една од најважните стапки на економски раст во светот, пристоен животен стандард, бесплатно здравство и образование, гарантирано право на работа, едномесечен платен годишен одмор, стапка на писменост од преку 90 отсто, а очекуван животен век од 72 години. Колку што знам, ниту една од државите на Балканот денеска не може да сонува ниту половина од овој просперитет. Тоа беше напредок кој меѓу западните сили разбуди желба за уништување на Југославија. Мултиетничкото население во земјата имаше поволен јавен превоз, покрив над глава и комуналии. Непрофитната економија главно беше во државна сопственост, што не е баш најдобар пример за западната демократска љубов. Во тоа време, далеку од ресурси се наоѓаа Германија, Франција или Велика Британија, а банкарите на Лондон и Луксембург не можеа да извлекуваат милијарди од социјалистичкиот систем, вели Батлер.

Тој тврди дека Југославија морала да умре, а Реган, Буш постариот и помладиот и Клинтон помогнале да се случи тоа.

Наградуваниот автор, политиколог и соработник во Институтот за политички студии во Вашингтон, Мајкл Паренти, често говореше за катастрофата во Југославија. Според Паренти, целта на Америка била да се претворат југословенските народи во регија од Третиот свет, а тоа можело да се оствари со поделба на земјата која подоцна ќе ги отвори своите економии кон корпоративната елита и западните банкари.

По распадот на Југославија, новонастанатите земји требаше да бидат:

  1. Неспособни да го следат независниот курс на личниот развој.
  2. Со уништени економии и природни ресурси кои во целост се достапни за мултинационални корпорациски експлоатации, вклучувајќи ги и огромните минерални богатства на Косово.
  3. Осиромашено, но писмено и оспособено население кое ќе биде присилено да работи за минимални примања и ќе претставува евтин работен базен со кој полесно ќе се снижуваат платите во Западна Европа и на друго место.
  4. Демонтирани индустрии за автомобили, нафта, тешки машини, рударство и петрохемија, како и разни други индустрии кои не смее да претставуваат конкуренција за постоечките западни производители.

Дали оваа стратегија ви звучи познато? Сетете се на планот на Корпорацијата Ранд за Сирија. Дали Украина, Донбас и Крим се дел од вакви стратегии за уништување?

Батлер вели дека иако звучи заканувачки, тоа е светот во кој живееме денес.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag