Лоцирана на сејшелскиот остров Ла Диг плажата Ан Сурс Даржон е една од најфотографираните плажа на светот.
Природно декорирана со светкав бел ситен песок, големи камени карпи кои природата со тек на време ги извајала во величенствени скулптури и смарагдно зелена вода овој дијамант од плажа е најубавиот во светот.
Најдобрите фотографии настануваат во доцните попладневни часови, кога боите на плажата и морето се најинтензивни. Плажата е свртена кон запад, така што можете да ги набљудувате прекрасните зајдисонца.