Анџелина Џоли и Бред Пит се разделуваат!?

popara10 март, 20161min00
21

До неодмана кружеа шпекулации во медиумите дека Анџелина, која моментално снима филм во Камбоџа, наводно го изневерила сопругот со еден од камерманите на сетот по што беше најавена и наводна нивна разделба.

Сосема спротивно на ова, медиумите денеска пишуваат дека всушност неконтролираната љубомора на Анџелина за новата актерка со која соработува Бред е причина за тензиите во фамилијата Пит.

Имено, Бред Пит започнал да поминува сè поголем дел од своето време со актерката Марион Котилард, а Анџелина Џоли, според изјавите на блиски извори, воопшто не е среќна поради тоа.

Нејзината љубомора околу ситуацијата е толку сериозна што Бред Пит е подготвен да се разведе.

Иако помеѓу Бред и Марион нема ништо, сепак фактот дека тој бил прилично заинтересиран и воодушевен од неа уште од самиот почеток на снимањето на новиот филм кој се случува во Втората светска војна не и се допаднал на Џоли.

– Анџелина беше еднаш таа згодна актерка која го заведе за време на снимањето на нивниот прв заеднички филм, па оттогаш таа е убедена дека постои можноста некој друга актерка да го заведе Бред Пит исто како неа – октрива близок извор на парот.

Бред работел досега со повеќе згодни актерки, но ниту една не била причина Анџелина да биде неконтролирано љубоморна.

Што тоа ја прави Марион поразлична?

– Таа е токму оној вид на сензационална европска актерка каква што Енџи посакувала да биде и ја игра токму онаа улога која Енџи отсекогаш ја посакувала. Плус има уште нешто што Енџи го нема, Оскар за најдобра актерка во главна улога  – додава изворот.

Како што кажавме на почетокот, не е првпат да се рашират вакви шпекулации за славниот пар, но дали овојпат навистина нешто сериозно се случува ќе дознаеме наскоро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag