Еден од најомилените актери на женската публика ширум светот, холивудскиот заводник Антонио Бандерас (55) веќе две години е во врска со 20 години помладата Никол Кимпел.
Кога актерот го растажи светот дека по 18 години брак се разведува од актерката Мелани Грифит (58), тој изјави дека не планира повторно да се жени, но се чини дека во меѓувреме го променил мислењето.
Никол е успешна деловна жена која наводно многу им се допаднала на родителите на славниот актер. Посебно задоволно била мајката на Антонио, која изјавила дека нејзината идна снаа е многу вредна и самостојна.
Доколку гласините за венчавката се вистинити тогаш ова на 35-годишната Никол ќе и биде прв брак, а на Бандерас трет брак.
Тој претходно беше во брак со актерката Ана Леза и Мелани Грифит со која ја доби 18-годишната ќерка Стела.