Баба, мајка и ќерка од Лондон, Гвен(65), Џемајма(44) и Лили(16), овие денови се најдоа во центарот на вниманието на виртуелните заедници и одредени медиуми поради нивниот изглед.
Имено, трите се пофалија дека носат ист конфекциски број, имаат слична долга руса коса и тоа дека често носат иста гардероба.
Тие наведуваат и дека се натпреваруваат околу тоа на која од нив најдобро им стои истиот фустан.
-Ние сме како сестри и луѓето често тоа го мислат, а ние сме горди што можеме да ја носиме истата гардероба, велат тие.
Меѓутоа, коментарите на социјалните мрежи и не се согласуваат со нивниот став, во однос на тоа дека разликата во годините е и повеќе од очигледна.
-Со кого тие се шегуваат? Некој опасно ги лаже, ова мора да е шега, изгледаат како вештерки, се само мал дел од коментарите за овие „сестри“.
Што мислите вие, дали нивниот изглед вреди за потсмев?