Бијонсе и Џеј Зи се спортски фанови. Славниот пар од првиот ред го следеше шестиот натпревар од финалната серија на НБА лигата.
34-годишната пејачка и 46-годишниот рапер се забавуваа и се смешкаа за време на натпреварот, на кој Голден Стејт Вориорс и Кливленд Кавалирс се бореа за победа.
На мечот во Кливленд, Охајо, музичката дива се појави со тесен костум во мастило боја кој го разголуваше нејзиното деколте. За да го надополни својот стилски избор, Бијонсе избра обувки од Gianvito Rossi.
Бијонсе претходно сподели на Instagram фотографии на кои позира во цветна градина во комбинација од Мара Хофман.