Бијонсе ужива на одмор со Џеј Зи и ќеркичката Блу Ајви во Италија. Како и секогаш, славното семејство ги привлекува фото-објективите на папараците, па деновиве неколкупати беа фотографирани додека ги разгледуваа убавините на италијанскиот брег.
За посетата на Сицилија, 34-годишната музичарка избра црн костим за капење, црна наметка, модерен шешир и впечатлив накит.
Пред неколку дена, Бијонсе на својот сајт сподели фотографии од нивната посета во Белата Куќа за Велигден.