Исто како актерот Николас Кејџ, славниот миленик на жените Мет Дејмон се ожени со сосема обична жена, Луисијана Баросо. Таа била келнерка, а тој славен холивудски актер. Сепак, тоа не ги спречило да стапат во брак, а според мислењето на Дејмон тоа ја одржало нивната љубов бидејќи ако двајцата биле славни, интересирањето на медиумите за нивната врска би се удвоило и притисокот би бил неиздржлив.
Нивната љубов делува речиси нереално. Се чини дека се едни од ретките кои навистина ја пронашле сродната душа во светот на познатите.
Мет ја запознал Луисијана, која по потекло е од Аргентина, во 2003 година во еден бар во Мајами.
„Буквално останав без текст кога ја забележав во големата гужва. Ако не се случеше тоа, не знам како ќе се сретневме во животот“, се присетил актерот на тој момент.
После две години двојката се свршила, а во декември 2005 година се венчале на мала приватна церемонија во Менхетен.
На славниот актер не му пречело ништо, ни тоа што Луисијана била келнерка, ни тоа што имала ќерка од претходниот брак. Пред да го запознае Дејмон таа се развела. Нејзиниот поранешен сопруг никогаш не рекол ништо лошо во медиумите, ниту за неа ниту за Дејмон, дури напротив, секогаш порачувал дека им посакува сè најдобро во заедничкиот живот.
После една година од венчавката, двојката ја добила првата ќерка Изабела, потоа после две години, втората ќерка Гија Завала и после две години, третата ќерка Стела Завала.
За нив никогаш не сме прочитале ниеден скандал во таблоидите бидејќи никогаш и немало скандал. Мет во една прилика тоа убаво го објасни:
„Не додавам масло во огнот, не ја изневерувам мојата сопруга, не постои ништо лошо за кое би се зборувало. И кога новинарите би ме следеле би ја добиле истата приказна – средовечен оженет маж со четири деца. Сè додека не им подготвам нешто ново, медиумите нема да покажат интересирање за мене.“
Па мора да признаеме дека малку ѝ завидуваме на Луисијана бидејќи е вистинска среќничка!