Да се има нормален, a понекогаш и досаден живот не е лошо. Всушност, доколку ја прашате Блек Лајвли, таа и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс сакаат нивните деца да живеат токму така.
„Рајан имал убаво и нормално детство, па сакаме и нашите деца да го почувствуваат тоа,“ изјави 28-годишната актерка која е бремена со второто дете. „Не сакаме да им го скратиме детството само затоа што и двајцата сме јавни личности…тоа би било себично.“
39-годишниот актер и ѕвезда на Deadpool пораснал во Ванкувер, Канада и е најмлад од четири браќа, додека пак Лајвли е едно од пет деца (останатите четири ѝ се полубраќа и полусестри).
Иако познатиот холивудски пар е веќе навикнат на брзото темпо на живот, папараците, славата и сè што доаѓа со неа, има некои работи кои би сакале да ги одбегнат, особено кога станува збор за нивната 18-месечна ќеркичка, Џејмс.
„Не би сакала да морам да се справувам со папараци, но и двајцата бевме свесни во каков живот се впуштаме уште на почетокот и дека ќе е доста тешко. Сепак, кога станува збор за нашето дете, тогаш е нешто сосема друго. Таа, за разлика од нас, не можеше сама да одлучи дали е ова животот кој го сака или не.“
Лајвли и Рејнолдс се обидуваат да го чуваат своето девојче подалеку од јавноста и многу ретко зборуваат за Џејмс, која е крстена по покојниот татко на Рејнолдс. Но секако папараците успеале да уловат некоја слика.