Модните дизајнери од Њујорк ги објавија боите кои ќе бидат ИН оваа пролет. Тие возбудуваат, разнежнуваат и разгалуваат. За прв пат, експертите на Pantone, не ги разделуваат и ограничуваат боите и нијансите кои ќе бидат тренд пролетва и за мажите и за жените. Тоа се десет нијанси на силни и нежни бои кои преку нивната текстура јасно ќе го пресликаат будењето на пролетта на вашата облека.
Прва на листата е жолтата боја која асоцира светлина и изнудува насмевка. Доколку вашиот „аутфит“ биде во оваа боја, не штедете ја таа занесна насмевка што рефлектира неизбежна среќа.
Смелата црвена боја возбудува. Ќе ве освои, а ќе ви помогне и вие да освојувате.
Свежо и зелено. Изразувајте отвореност, смелост и уникатност во срцето на пролетта. Токму таму каде што ќе бидете и вие.
Суптилно, меко и нежно. Уживајте со оваа нијанса на кафена боја. Шармирајте и заведувајте токму како неа. Нежно, суптилно и меко.
Бидете кралица на вашиот црвен тепих. Секогаш грациозно и раскошно.
Чисто, модерно и свежо. Чудесна нијанса на сино што ќе ве однeсе во светот на гламурот и совршеноста.
Пријателски и топло. Зрачете со ова расположение и уживајте во кругот на вашиот универзум.
Бидете нежна, внимателна, сoфистицарана и мила. Смело, маркантно и самоуверено уживајте со оваа боја што ќе го разгали вашето тело и секогаш ќе го примами вашето око.
Смирувачки независна. Бидете таа жена. Со вкус и есенцијална моќ што излегува од вас.
Релаксирајте како морскиот видик. Пленете со контрастот составен од вашата кожа и мирисот на ткаенината обоена во мистериозна сина.
Изборот е ваш. Пленете, уживајте, бидете екстравагантни и уникатни. Во светот на гламурот, во она место каде се буди светот. Во пролетта. Во вашата пролет.