Божица на стилот – сопругата на катарскиот шеик за која зборува целиот свет

popara21 март, 20163min00
16

Прекрасната Моза бинт Насер, сопругата на бившиот катарски емир, важи за една од најдобро облечени жени на светот. 

Таа негува елегантен и препознатлив стил, а во нејзината плакари можат да се најдат парчиња од најпознатите дизајнери и највлијателните модни куќи.

Нејзиното величество шеиката Моза бинт Насер, мајка на катарскиот емир Тамим бин Хамад важи за личност која со своето залагање успеала да го модернизира Катар и многумина ја сметаат за една од најмоќните жени во оваа мала и богата држава.

Таа имаше само 18 години кога во 1977 година се омажи за Хамад бин Калиф Ал Танија. Таа потоа се посвети на создавање на семејството, но и на факултетот, па во 1986 година завршува и студии по социологија.

Мајка е на седум деца, пет синови и две ќерки.

Таа за разлика од многу други сопруги на монарсите од Блискиот исток, активно е вклучена во политичките и општествените збиднувања во својата земја која редовно ја преставува во странство во друштво на сопругот.

Покрај својот активизам, таа на пошироката јавност и е позната и по нејзиниот специфичен моден вкус поради кој редовно ја прогласуваат за една од најубаво облечени жени на светот.

Тaа вешто комбинира модерна облека во западен стил со традиционалните арапски парчиња, а нејзините плакари се преполни со неверојатни парчиња од најпознатите светски дизајнери и модни куќи.

Шанел, Диор, Валентино, Жан Пол Готје, Армани, Кристијан Лакроа се само дел од етикетите кои се наоѓаат во нејзините плакари, и со кои оваа прекрасна дама ги освојува вљубеничките во модата од целиот свет.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag