Бред Пит и Анџелина Џоли се утврдија трајно во Англија заедно со шесте деца – Медокс (14), Пакс (12), Захара (11), Шајло (9) и 7-годишните близнаци Вивиен и Нокс.Семејството ја напуштило Америка пред неколку дена и веќе се преселени во Сари, Југоисточна Англија, пишува списанието Us Weekly.
Извор откри дека ѕвездите се населиле на имот што личи исклучително многу на Белата куќа во Вашингтон и плаќаат месечна кирија во износ од 21 000 долари. Причината за преселување на актерите е новиот филм на Бред – продолжението на “World War Z”, кој ќе се снима следните шест месеци, главно во Англија.
Додека Пит се поти на сетот, партнерката би требало да се посвети на хуманитарните проекти и на нивните деца.
Двојката долго време бараше убав дом, кој ќе биде добро чуван и далеку од љубопитните очи додека конечно застанаа на предметната куќа. И Бред и Енџи се чувствуваат како дома на Островот, бидејќи не за прв пат да поминат толку време во европската страна. Во 2012 актерите се преселија во Лондон за неколку месеци поради работните обврски.