Бред Пит и Марион Котијар се главните ѕвезди во „Allied“. Филмската екипа го објави првиот трејлер за новиот филмски проект, во кој 52-годишниот актер и 40-годишната актерка се шпиони кои се во брак и имаат мала ќеркичка.
„Allied“ е режиран од Оскаровецот Роберт Замекис. Дејството во филмот се одвива во 1942 година за време на Втората светска војна, а раскажува приказна за двајца шпиони кои се вљубуваат за време на мисија во која треба да убијат германски амбасадор, но нивната врска е загрозена од екстремните притисоци на војната.
Пред неколку дена беше објавена и првата официјална фотографија.
Погледнете фотографии и од снимањето на филмот:
Филмот ќе започне да се прикажува во киносалите од 23 ноември оваа година.